Салија Чешма или Тумба Стара Река — археолошко наоѓалиште во битолското село Мусинци. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 2,5 км западно од селото, од двете страни на патот за селото Добрушево, каде по површините на нивите се среќава множество фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди и градежен материјал. Според кажувањето на жителите, при орањето наидувале на темели од ѕидови градени од камен и варов малтер.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Ограѓе — населба од доцноантичко време; Мусинци; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Мусинци