Крчин — археолошко наоѓалиште во битолското село Свето Тодори. Претставува светилиште и некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на мало плато што се наоѓа на јужната периферија на селото, каде според исказите на жителите биле откриени гробови градени од големи камени плочи - тип циста. Исто така се откриени и остатоци од темели на црква градена од кршен камен и варов малтер. Најдена е и мермерна плоча со релјефна претстава на човечки фигури. На површината на наоѓалиштето има две обработени мермерни плочи.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Василичини Гробишта — некропола од средниот век; Црквиште — населба од римско време; Чешмина — населба од доцноантичко време; Кутлина — осамен наод од римско време; Кучкина Леска — населба од средниот век; Кале — населба од хеленистичко време; Манастир — осамени наоди од римско време; Над Чаир — населба од неолитско време; Свето Тодори; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Свето Тодори