Македонски претседателски избори (2014) — редовни, петти, претседателски избори кои се одржале на 13 април и 27 април 2014 година. Истовремено со вториот круг на претседателските избори се одржаа и предвремени парламентарни избори. За првпат на овие претседателски избори македонските државјани кои живеат или работат во странство имаа право да гласаат во странство.„Дијаспората за првпат ќе гласа на претседателски избори во Македонија“

За избор на претседател на Македонија се бореа четворица кандидати. По вториот круг победи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и дотогашен претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Кандидати Следуваат кандидатите за претседател на Македонија по азбучен ред:„Четворица кандидати во претседателската трка“

слика кандидат лични податоци партијаначин на кандидатура резултати 1.100pxИванов, Ѓорге2 мај 1960, ВаландовоВМРО-ДПМНЕпотписи од граѓани534.910 гласови2.Пендаровски, Стево3 април 1963, СкопјеСДСМпратенички потписи398.077 гласови3.100pxПоповски, Зоран8 септември 1962, СкопјеГРОМпотписи од граѓани31.368 гласови4.100pxХалими, Илјаз1954, Сушиќе, КосовоДПАпотписи од граѓани38.966 гласови

Кандидирање Актуелниот претседател на Македонија до 2014 година, Ѓорге Иванов успешно собрал 10.000 потписи на 1 март 2014 година. Свои 10.000 потписи поднеле и кандидатите Зоран Поповски од ГРОМ и Илијаз Халими од ДПА. Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски, добил потписи од пратениците на опозицијата. ДУИ одлучи да ги бојкотира претседателските избори, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не го прифати нивниот предлог за избор на „консензуален кандидат“.

Покрај овие кандидати, 10.000 потписи собираа и Стојанче Ангелов од Достоинство, како и професорката Билјана Ванковска. И двајцата не успеаја да ги соберат потребните потписи за поднесување своја кандидатура на изборите.Ангелов и Ванковска испаднаа – четворица кандидати во трка за претседател?

Резултати Прв круг Првиот круг се одржал на 13 април 2014.Решение за распишување претседателски избори Водство во првиот круг остварил Иванов со освоени 448.303 гласови односно 51,65%, додека второпласиран бил Пендаровски со 326.069 гласови или 37,57% од избирачите кои гласале.Десницата слави триумф, за опозицијата борбата не е завршена

Втор круг Вториот круг се одржа на 27 април 2014 година. Во него се пласираа кандидатите Ѓорѓе Иванов и Стево Пендаровски. Победи кандидатот на ВМРО-ДПНМЕ Ѓорѓе Иванов со освоени 534.910 гласови наспроти кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски со 398.077 гласови.

КандидатПартијаПрв кругВтор кругБр. на гласови%Бр. на гласови%Ѓорге ИвановВМРО-ДПМНЕ449.44251.69534.91055.28Стево ПендаровскиСоцијалдемократски сојуз на Македонија326.16437.51398.07741.14Илијаз ХалимиДемократска партија на Албанците38,9664.48Зоран ПоповскиГраѓанска опција за Македонија31.3683.61Неважечки ливчиња23.6772.7134.7073.58Вкупно869.547100967.676100Право на глас/излезност1.779.57248.861.779.57254.36Извор: прв круг, ДИК, втор круг, ДИК

Наводи

Поврзано

Претседател на Македонија Македонски претседателски избори, 2009

Надворешни врски Прирачник за претседателски избори 2014 Претседателски избори во Македонија, 2014, ДИК

2014 Категорија:Избори во Европа во 2014 Категорија:Македонија во 2014 година