Кумановска Река, Кумановка или Голема Река — река во североисточна Македонија. Извира на во источниот дел на планината Скопска Црна Гора, па минува низ градот Куманово и завршува како десна притока на Пчиња. Долга е 44 км, со вкупен пад од 1.060 м, при просек од 24,1 ‰. Сливот зафаќа површина од 460 км2.
Најзначајна притока на реката е Липковска Река, на која се изградени акумулациите Липковско Езеро и Глажња. Сливот е оголен и затоа коритото е мошне водопропусно, поради што доаѓа до поплави.
Поврзано Кумановска Котлина Липковска Река
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Реки во Македонија Категорија:Географија на Куманово Категорија:Општина Куманово Категорија:Притоки на Пчиња Категорија:Притоки на Вардар