Ленински Реон (, , ) — реон во Република Крим, Русија. Го зафаќа речиси целиот Керчки Полуостров во источниот дел од републиката. Административен центар е градот Ленино.

Во регионот спаѓа и долниот (поголем) дел од тенкиот Арбатски Провлак (наречен „Арбатска Стрелка“) кој се протега на северозапад, напоредно на остатокот од источниот брег на Крим. Горниот дел е во состав на Херсонската област, Украина.

Како и целиот Крим, припадноста на реонот е предмет на спор помеѓу Русија и Украина, која сè уште ја смета за сопствена територија.

Население Според податоците од пописот на населението од 2001 г, реонот има 69.629 жители. Етничкиот состав е следниов:

Руси — 54,8% Кримски Татари — 29,2% Украинци — 15,5% Белоруси — 1,3% Молдавци — 0,3%Дністрянський М. С. Етнополітична географія України. Львів: Літопис, 2006. С.452-453.

На 1 јуни 2013 г. населението броело 62.924 жители. Од нив, 22.930 (36,44%) живеат во градска, а 39.994 (63,56%) во селска средина.

Поврзано Ленино (Крим) Ленински реон (појаснување) Керчки Полуостров Арбатски Провлак

Наводи

Надворешни врски

Инфопортал на Ленинскиот реон

Категорија:Реони во Крим