Тумба во Селото — археолошко наоѓалиште во битолското село Кукуречани. Претставува населба од неолитско време и некропола од среден век . Се наоѓа во центарот на селото, на местото на Домот. Во времето на неговата изградба таа е целосно уништена и, според информациите од селаните, биле исфрлени парчиња од куќен лепеж, многубројни фрагменти од керамички садови и биле растурени повеќе гробови градени од камени плочи.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Магловска Нива — населба од неолитско и римско време; Тумба — населба од неолитско и римско време; Кула — црква од средниот век; Кукуречани; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Кукуречани