Логан () — планина во венецот Свети Илија, највисока во Канада и втора по висина во Северна Америка (по Макинли). Наречена е во чест на геологот Вилијам Едмонд Логан — основач на Геолошката служба на Канада (GSC). Се наоѓа во состав на националниот парк Клуејн во југозападен Јукон и претставува почетно место за ледниците Хабард и Логан. Се смета дека оваа планина има најголема обиколка на основата од сите невулкански планини во светот (многу штитести вулкани се доста поголеми и помасивни). Опфаќа 11 врвови повисоки од 5.000 м. Највисоката точка се издига 5.959 м
Поради активното тектонско надигање, Логан и понатаму продолжува да расте во висина.
Планината се одликува со крајно ниски температури. На висорамнината на 5.000 м, температурата на воздухот изнесува околу зиме и речиси лете. Средна температура во текот на годината изнесува . Снегот речиси и да не се топи, па затоа капата е многу дебела (наместа до 300 м).
Логан за првпат е освоен на 23 јуни 1925 г. од експедиција во следниов состав: Алберт Х. Макарти (водач), Х.Ф. Ламбарт, Ален Карпе, В.В. Фостер, Н. Рид и Енди Тејлор.
Врвови Масивот на Логан ги опфаќа сите околни врвови со истакнатост помала од 500 м:
Врв Висина (м) Истакнатост (м) МестоположбаГлавен 5.959 5.250 Филип (Западен) 5.925 265 Логан Исток (Сјуарт) 5.898 198 Хјустонов 5.740 100 Проспектор 5.644 344 АИНА 5.630 130 Расел 5.580 80 Тјудор (Логан Север) 5.559 219 Саксон (Северозападен) 5.500 80 Квин 5.380 160 Капет (Северозападен) 5.250 240 Катенари 4.097 397 Теди 3.956 456
Поврзано Свети Илија (планина) Свети Илија (планински венец) Список на планини во Канада
Наводи мини|десно|300п|Модел на планината
Надворешни врски
Логан — Peakware Канадскиот титан Логан — Виртуелен музеј на Канада
Категорија:Свети Илија (планински венец) Категорија:Планини во Канада Категорија:Географија на Јукон Категорија:Петилјадници Категорија:Највисоки точки на земјите