Атлас на облаците — роман од 2004 година и трета книга на британскиот писател Дејвид Мичел. Книгата се состои од шест испреплетени приказни што го носат читателот од далечините на Јужниот Тихи Океан во деветнаесеттиот век па сè до далечната, постапокалиптична иднина. Романот е добитник на многу награди меѓу кои и наградата за фиктивна литература на британските книжевни награди.

Кратка содржина Романот се состои од шест поврзани приказни што го носат читателот од далечините на Јужниот Тихи Океан во деветнаесеттиот век па сè до далечната, постапокалиптична иднина. Во текот на читањето откриваме дека секој расказ е всушност приказна која е читана или набљудувана од страна на главниот лик од наредната приказна. Првите пет приказни се прекинати во клучен момент. По шестата приказна, авторот повторно се враќа на претходните пет и ги завршува во обратен хронолошки редослед и секоја завршува како главниот лик ја чита или наблудува хронолошки претходната работа во ланецот од приказни. На крајот, читателите завршуваат со првата приказна, со Адам Јуинг во деветнаесеттиот век во Јужниот Тихи Океан. Секоја приказна содржи документ, филм или традиција што исто така се појавува во претходната приказна. Со тоа покажува дека историјата, не само што се повторува, туку и се поврзува со луѓето во сите временски периоди и места.

Дневникот на Адам Јуинг за патувањата низ Јужниот Тихи Океан (прв дел)

Првата приказна започнува на Четемските острови (архипелаг на Тихи Океан), во 1850 година. Адам Јуинг, наивен американски нотар од Сан Франциско, за време на златната треска во Калифорнија, чека да биде поправен неговиот брод. Тој сведочи на една сцена кога Мориори роб, Утуа, (пацифисти кои се експлоатираат од страна на Маорите) е камшикуван од маорски човек (воини кои се експлоатирани од британците) и го гледа со сожалување. Подоцна, Јуинг се качува на ридот Коникал Тор, каде што паѓа во дупка од кратер, но успева да се врати назад. На бродот, единствениот пријател на Јуин, доктор Гус, ги прегледува повредите на Адам од падот и дознава за неговата хронична болест. Користејќи го овој факт, докторот му вели дека всушност се работи за смртоносен паразит и му предлага третман кој би му помогнал. Адам го прифаќа со благодарност третманот. Во меѓувреме, на бродот е присутен и Утуа, кој цело време се криел во кабината на Адам, знаејќи дека нема да биде повреден. Утуа му докажува на капетанот дека е искусен морепловец и капетанот му дозволува да работи на бродот за да ја исплати неговиот пат до Хаваи.

Писма од Зеделгем (прв дел)

Приказната се одвива во Зеделгем, во близина на Брухе, во Белгија 1931 година. Раскажана е преку писма од Роберт Форбишер, млад музичар од Англија,бисексуалец кој останал без пари, до неговиот пријател и љубовник од Кембриџ, Руфус Сиксмит. Фробишер заминува за Зеделгем, за да работи како писар за познатиот композитор Вивиан Ејр, кој умира од сифилис и му е потребен човек за пишува наместо него. По кратката авантура на Фробишер со човек од екипажот на бродот, откриваме дека Фробишер има белег на рамото во облик на комета. Сопругата на Ејр, Јокаста, почнува да флертува со него и нејзината ќерка почнува да се сомнева во нив. Наскоро, Фробишер и Ејр го завршуваат делото Der Todtenvogel кое секоја вечер се слуша низ Каков и станува многу популарно. Фробишер почнува повторно да компонира и тој и Јокаста стануваат љубовници. Фробишер почнува да краде ретки книги од колекцијата на Ејр и да ги продава, сè додека не открие книга со наслов „Дневникот на Адам Јуинг за патувањата низ Јужниот Тихи Океан“, но се вознемирува кога гледа дека половина од книгата е скината. Според него, книга прочитана до половина е како недовршена љубовна врска. При читањето на книгата интересен му е фактот што авторот не е свесен дека докторот Гус не му помага, туку всушност му наштетува. Една вечер додека е со Јокаста во кревет, во собата влетува речиси слепиот Ејр и бара Фробишер да ги запише нотите што ги слушнал на сон, без воопшто да ја забележи Јокаста, која се скрила под креветот. Во сонот, длабоко во подземјето имало ресторан кое наликувало на кошмар, каде сите келнерки наликувале една на друга и јаделе сапун. Откако завршиле со компонирање на песната, Ејр го прашува Фробишер дали неговата сопруга флертувала со него, на што Фробишер одговара не. Кога доаѓа време Фробишер да си замине, Јокаста му се заблагодарува што успеал да му помогне на Вивиан. Но, на барање на Ејр, Роберт се согласува да остане до следното лето и да му помогне музиката од сонот да ја претворат во голема симфонија наречена „Вечно повторување“.

Половични животи: Првиот роман со мистерии за Луиза Реј (прв дел)

Третата приказна е напишана како роман со мистерии и се одвива во измислениот град Буенас Јербас, во Калифорнија во 1945 година. Луиза Реј е млада новинарка која истражува извештај што вели дека новата атомска централа не е безбедна. Руфус Сиксмит ја среќава Луиза во лифт и ја слуша нејзината приказна додека се заглавени во лифтот откако ќе снема струја. Нејзиниот покоен татко бил еден од малкуте некорумпирани полицајци на должност. Луиза вели дека е подготвена да го ризикува својот живот за нејзиниот новинарски интегритет, бидејќи во спротивно, би го исмевала животот на нејзиниот татко. Сиксмит сфаќа дека може да и верува на Луиза и и открива дека централата Seaboard HYDRA не е безбедна како што велат. Набргу после оваа изјава тој е убиен и Луиза сфаќа дека стопанствениците одговорни за централата ги елиминираат сите можни закани. Од хотелската соба на Сиксмит, Луиза успева да ги најде писмата од Фробишер и е толку воодушевена од композиторот што го порачува неговото единствено објавено дело Cloud Atlas Sextet. Во писмата од Фробишер открива дека тој има белег во облик на комета, ист како што има и таа. Приказната завршува како платен убиец ја турка колата на Луиза од мост заедно со самата Луиза и инкриминирачките документи на Сиксмит за централата, пред да може да каже некому.

Страшното измачување на Тимоти Кевендиш (прв дел)

Четвртата приказна се одвива во денешно време во Британија и има комичен тон. Тимоти Кевендиш е 65 годишен издавач кој бега од браќата на некогиот клиент кој е гангстер. Братот на Кевендиш, уморен од молбите на својот брат за финансиска помош, го сместува во старечки дом од кој Тимоти не може да избега. Откако медицинската сестра Ноакис го вознемирува, Тимоти се обидува да избега, но е повторно вратен назад. Во текот на неговите авантури, Тимоти накратко споменува дека го чита романот Половични животи: Првиот роман со мистерии за Луиза Реј и дека воопто не му се допаѓа. Ова не тера да се запрашаме што всушност било вистинито до сега. Тимоти се навикнува на домот, но повторно се обидува да најде начин да избега. Поглавјето завршува како Тимоти има напад и не знаеме што ќе се случи со него.

Молитва на Сонми-451 (прв дел)

Петтата приказна се одвива во Неа Со Корпос, земја во иднината што подоцна откриваме дека е Кореја, тоталитарна земја што се развила од корпорациска култура. Раскажана е преку интервјуа меѓу Сонми-451 и еден архивист кој ја документира нејзината приказна. Сонми-451 е генетски произведен фабрикант (клон), еден од многуте кои се произведени за работа на многу места, меѓу кои и ресторанот за брза храна Папа Сонг. Подоцна дознаваме дека фабрикантите се користени од чистокрвното општество и нивната свест е контролирана преку хемиска манипулација. Сонми-451 се среќава со лица од бунтовничкото подземје, кои ја вадат од затворениот фабрички свет и и дозволуваат да биде своја. Потоа, Сонми-451 се присетува како го гледала филмот Страшното измачување на Тимоти Кевендиш и била воодушевена од пораката на филмот. Но, токму во моментот кога главниот протагонист Тимоти доживува напад, влегува еден ученик и ги прекинува во гледањето. Ученикот вели дека професорот Мепи бил уапсен и дека по нив доаѓаат четириесет или педесет службеници со наредба да ја убијат Сонми-451 и да го испрашуваат Хе-Џо. Хе-Џо и вели на Сонми-451 дека не е тој што се претставува дека е, додека снимката со ликот на Тимоти Кевендиш е во позадина на прожекторот.

Преминувањето на Слуша и се потоа

Шестата приказна го зазема главното место во романот и е единствената приказна што не се прекинува. Еден стар човек по име Закари раскажува приказна од својата младост и постепено дознаваме дека живее во постапокалиптично општество на Големиот Остров на Хаваите. Неговиот сонарод, луѓето од Долината, се мирољубиви фармери кои се често вознемирувани од насилното племе Кона од другата страна на островот. Луѓето на Закари ја обожуваат божицата Сонми и знаат за настанот на речен Падот, каде целата цивилизација на Земјата – позната како Олд Унс, е уништена и преостанатите преживеани сега се примитивци. Големиот Остров е повремено посетуван од технолошко напредни луѓе познати како Прескиентс кои пристигнуваат со бродови. Една жена по име Мероним останува со локалните луѓе за да ја набљудува нивната технологија, култура и верски обичаи. Закари почнува да се сомнева и една вечер се искрадува во нејзината соба каде што наоѓа направа за снимање и холографска видеоконференција во форма на јајце. Сестрата на Закари подоцна е отруена од риба-шкорпион и Мероним и дава лек. Закари потоа ја води Мероним на врвот на вулканот Мауна Кеја, место од кое месните жители се плашат поради неговите мистериозни храмови. Подоцна откриваме дека храмовите се всушност остатоци од обсерваториите на Мауна Кеја. Закари е шокиран кога дознава божицата Сонми била всушност човечко суштество и дека направата ја раскажува нејзината приказна. По нивното враќање, одат со повеќето луѓе од Долината да разменуваат производи во Хунака, но се нападнати и заробени од племето Кона. Закари и Мероним успеваат да побегнат и одат на побезбеден остров. Приказната завршува како детето на Закари се присетува на неверојатните приказни што му ги раскажувал татко му. Исто така, тој ја има и копијата од молитвата на Сонми од неговиот татко, што често ја гледа иако не го разбира нејзиниот јазик.

Молитва на Сонми-451 (втор дел)

Сонми ја дознава вистината за Неа Со Корпос, дека фабрикантите всушност не се ослободуваат откако ќе го завршат работното време туку дека ги убиваат и ги рециклираат во храна. На состанувањето со бунтовниците таа пишува Декларација каде што ја кажува вистината за нивното општество и повикува на бунт. Потоа таа е уапсена и приказната продолжува како таа му раскажува на архивистот. Открива и дека знае сè што и се случило било поттикнато од Владата со цел да се создаде слика на непостоечки непријател кој ќе ги охрабрува фабрикантите. Но, сепак таа верува нејзината Декларација ќе побуди инспирација. Нејзината последна желба пред да биде погубена е да го догледа филмот за Тимоти.

Страшното измачување на Тимоти Кевендиш (втор дел)