Серотонинот или 5-хидрокситриптамин е невротрансмитер.

Опис Главно се наоѓа во гастроинтестиналниот тракт, крвните плочки и централниот нервен систем на животните, вклучувајќи ги и луѓето. Своите ефекти ги дава поврзувајќи се за серотонинските (5-HT) рецептори. Настанува во нервните клетки и ги пренесува информациите од една до друга нервна клетка при што дејствува веднаш. Кај мажите, серотонинот се создава дури и за 52% повеќе во однос на жените.„Однесувањето и размислувањето се најважни за хормоните на среќа“, Здравје, понеделник, 3 ноември 2014, стр. 20-21. На создавањето на серотонинот влијаат многу фактори при што многу е важна генетиката. Притоа, кај одделни луѓе се создаваат различни киличества серотонин, а неговиот ефект зависи и од тоа на кој рецептор е врзан. Исто така, важно е дали со исхраната во организмот се внесува аминокиселнината триптофан, бидејќи таа влијае врз создавањето на серотонинот. На количеството на серотонин влијае и менталната активност. Постојат седум вида серотонински рецептори. Ефекти на серотонинот Недостигот на серотонин може да предизвика чувство на непријатност од кое произлегува копнежот по слатка храна. Серотонинот има различни функции: ги забрзува моторните функции, го регулира крвотокот во мозокот, влијае врз регулацијата на телесната температура, има аналгетско дејство, го намалува апетитот, а ако го има премногу, тогаш ја намалува желбата за сексуална активност или ја оневозможува ерекцијата кај мажите. Доколку дојде до намалено создавање на серотонин во нервниот систем, доаѓа до нарушување на расположението во вид на депресија, а често и во вид на анксиозност. Понатаму, недоволното ниво на серотонин го намалува и нивото на мелатонин во организмот, што го нарушува циклусот на спиење.

Наводи

Категорија:Невротрансмитери Категорија:Биогени амини Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ