Вртикоп или Вртокоп (, Димос Скидрас) — општина во централниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е истоимениот град Вртикоп (Скидра). Општината е сместена во областа Сланица, Воденско.

Населени места Општината Вртикоп е создадена по законот „Каликратис“ на 1 јануари 2011 г., со спојување на две стари општини: Вртикоп и Мениида.

Општинска единица Вртикоп мини|десно|Поранешната општина Вртикоп на картата на некогашниот округ Пела. Општинската единица Вртикоп ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Општински оддел Вртикоп град Вртикоп (или Вртокоп; Σκύδρα, Скидра) Општински оддел Арсен село Арсен (Αρσένι, Арсени) Општински оддел В’гени село В’гени (Σεβαστιανά, Севастијана) Општински оддел Врбени село Врбени (Νέα Ζωή, Неја Зои) Општински оддел Групиново село Гропино (или Групиново; Δάφνη, Дафни) Општински оддел Каменик село Каменик (Πετρία, Петрија) село Бања (Λουτροχώρι, Лутрохори) село Ново Село (Πλεύρωμα, Плеврома) Општински оддел Колибите село Колибите (Καλύβια, Каливија) Општински оддел Липохори село Липоор (или Липохоро, Липохори, Λιποχώρι) Општински оддел Прањани село Прањани (Άσπρο, Аспро) Општински оддел Ризово село Ризово (Ριζό, Ризо) Општински оддел Треболец село Треболец (Μαυροβούνι, Мавровуни)

Општинска единица Мениида мини|десно|Поранешната општина Мениида на картата на некогашниот округ Пела. Општинската единица Мениида ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Општински оддел Калиница село Калиница (или Јачкој, Καλή, Кали) Општински оддел Дреново село Дреново (Κρανέα, Кранеја) село Ново Село (Λιθαριά, Литарија) Општински оддел Карамзино село Карамзино (или Кара Азма, димотики Καλλίπολή, Калиполи, катаревуса Καλλίπολις, Калиполис) село Сенделчево (или Сендил, димотики Σανδάλι, Сандали, катаревуса Σανδάλιον, Сандалион) Општински оддел Мандалево село Мандалево (димотики Μάνδαλο, Мандало, катаревуса Μάνδαλον, Мандалон) Општински оддел Недирчево село Недирчево (или Надр, димотики Άνυδρο, Анидро, катаревуса Ἄνυδρον, Анидрон) Општински оддел Свети Илија село Свети Илија (или Мечкили, Προφήτης Ηλίας, Профитис Илијас)

Поранешни села На територијата на општината Вртикоп се наоѓаат и три раселени села: Маврејново (Μαύρο, Мавро), Орман Чифлик (Δενδρί, Дендри) и Превртенец (Δελικλή Καγιά, Деликли Каја).

Наводи

Надворешни врски Портал на Општина Вртикоп

Категорија:Општини во Егејска Македонија