мини|десно|Ханзата бил силен економски и одбранбен сојуз, кој оставил големо културно и архитектонско наследство. Особено е познат по неговите тулно готски споменици, како што се црквата Св. Никола и градското собрание на Штралзунд (на сликата). Заедно со Висмар, обата стари градови, се прогласени за светско културно наследство од УНЕСКО.

Ханза (, или ) — стопански и одбранбен сојуз на трговски еснафи и градови, кои ја предводеле трговијата долж брегот на Северна Европа. Се протегал од Балтичкото до Северното Море, како и во внатрешноста кон крајот на средниот век и почетокот на новиот век (од до век).

Сојузот бил создаден за да ги штити економските интереси и да обезбедува трговски привилегии за градовите и земјите долж трговските патишта. Градовите на Ханзата имале сопствен правен систем и поседувале војска за заедничка заштита и помош. И покрај овие одлики, организацијата не била држава, ниту може да се нарече конфедерација на градови-држави; само мал број на градовите во сојузот поседувале автономија и слобода споредена со слободните царски градови.

Наследството на Ханзата може да се види и денес во неколку имиња, на пример германскиот авиопревозник Lufthansa (буквално: „Воздушна Ханза“), ФК Ханза Росток, Универзитет на применети науки Ханза во Гронинген, Холандија, пиварница Ханза во Берген, Ханзабанк во балтичките држави и Регата Ханза во Росток. ДДГ Ханза било големо германско бродско претпријатие од 1881 до неговиот банкрот во 1980.

Историја

Историчарите вообичаено го поврзуваат потеклото на сојузот со повторно издигнување на германскиот град Либек во 1159 од силниот Хајнрих Лавот, војводат на Саксонија и Баварија, откако Хајнрих ја освоил областа од Адолф II, гроф на Шауенбург и Холштајн.

Првични трговски авантури, ненадејни напади и пиратство се случувале низ Балтикот (видете Викинзи) — морнарите од Готланд пловеле по реките до Новгород, на пример — но размерот на меѓународната трговија во Балтикот останала незначително пред појавата на Ханзата.

Германските градови постигнале превласт на трговијата во Балтикот со извонредна брзина во текот на , а Либек станал средиштен јазол во поморската трговија, која ги поврзувала областите околу Северното и Балтичкото Море. Во век Либек го достигнал својот врв.

Основање и развивање

мини|Создавањето на сојузот помеѓу Либек и Хамбург

Либек станал средиште за трговците од Саксонија и Вестфалија, тргувајќи источно и северно. Многу пред да се појави кованицата „Ханза“ во документ од 1267, трговците во различни градови започнале да создаваат еснафи или Ханза со намера да тргуваат со прекуморските градови, особено во економски помалку развиениот источен Балтик. Оваа областа била извор на дрво, восок, килибар, смола и крзно, како и на ’рж и пченица носени со баржи од внатрешноста до пристаништата. Градовите поседувале нивни сопствени војски, а секој еснаф морал да обезбеди регрути кога било потребно. Ханзините градови си помагале меѓусебно, а трговските бродови често се користели за пренос на војници и нивните оружја.

Висби претставувал водечко средиште во Балтикот пред Ханза. Едрејќи на исток, трговците од Висби основале трговска испостава во Новгород наречена Гутагард (позната и како Готенхоф) во 1080. Трговците од северна Германија отпрвин исто така престојувале во готландска населба. Подоцна тие основале своја трговска испостава во Новгород, познат како Петерхоф, кој бил сместен до реката. Ова се случувало во првата половина на век.Justyna Wubs-Mrozewicz, Traders, ties and tensions: the interactions of Lübeckers, Overijsslers and Hollanders in Late Medieval Bergen, Uitgeverij Verloren, 2008 p. 111 Во 1229, германските трговци во Новгород добиле одредени поволности кои ја обезбедиле нивната положба.Превод на предлогот за поволности на трговците во 1229:

Пред основањето на сојузот во 1356, зборот Ханза (Hanse) не се користел во балтичкиот јазик. Готланѓаните го користеле зборот „варјаг“ (varjag).

Ханза работела да ги отстрани трговските ограничувања за нивните членки. На пример, во 1157 трговците на Келн го убедила Хенри II, крал на Англија, да ги ослободи од сите такси во Лондон и да им дозволи да тргуваат на саемите низ Англија. „Кралицата на Ханза“, Либек, каде трговците биле обврзани да ги разменуваат добрата помеѓу Северното Море и Балтикот, ја добила царската доверба, станувајќи слободен царски град во 1227, како нејзиниот подоцнежен сојузник Хамбург, кој го добил тој статус во 1189.

Во 1241, Либек кој имал пристап до рибарските реони во Балтичкото и во Северното Море, создал сојуз — претходник на сојузот — со Хамбург, уште еден трговски град, кој го контролирал пристапот на трговијата со сол од Линебург. Здружените градови стекнале контрола над голем дел од трговијата на посолена риба; Келн им се приклучил во 1260. Во 1266, Хенри III им дозволил на Либек и Хамбург поволности при нивните операции во Англија, а Келн им се приклучил во тоа во 1282, создавајќи ја најсилната Ханзина колонија во Лондон. Овој модел на заедничко делување успеал затоа што постоечкото управување било поделено и не успевало да обезбеди сигурност на трговијата. Во следните 50 години, самата Ханза влегла со формални договори за конфедерација и заедничко управување покривајќи ги западните и источните трговски патишта. Главен град во сојузот останал Либек; каде се одржало и првото генерално собрание на Ханзата во 1356, со што Ханзата се здобила со службена структура.

Според холандските историски документи од „Кратката историја на Гронинген“, собрани и преведени од Ерик Спрингелкамп, во 1258 трговците од Гронинген добиле право да тргуваат во Англија и добиле поволности при трговијата за Холандија. Гронинген бил член на тогаш неслужбено организираната Ханза. Во 1227, двајца жители на Гронинген биле сведоци во Готланд, Шведска, на договор помеѓу Ханза и принцот на Смоленск. Постоеле врски со Хамбург и Бремен. Во 1273, опатот на Адуард добил право од архиепископот на Хамбург да тргува во Штаде на Елба.

Во периодот од 1300 до 1500 година, активната трговија на Гронинген се намалила, како и самата положба на градот во Ханзата. Во 1358, Либек испратил порака до сите членки на Ханзата за трговски бојкот на Фландрија, но Гронинген не ја добил пораката. Градоначалникот и Градскиот совет се жалеле, но се покориле на бојкотот на нивните јужни соседи. Десет години подоцна, Гронинген не бил дел од флотата на Ханзата против кралот Валдемар на Данска за да ја заштитат слободната пловидба низ Сонт. Сепак, градот останал член, и во почетокот на век во Гронинген се одржало собрание на Ханза.

Ширење

мини|Главните трговски патишта на Ханзата

Местоположбата на Либек на Балтикот обезбедувала пристап за трговија со Скандинавија и Киевски Рус, ставајќи се во директна конкуренција со Скандинавците, кои претходно ги контролирале најголемиот дел од балтичките трговски патишта. Договорот со Висби ставил крај на конкуренцијата: преку овој договор, трговците на Либек исто така добиле пристап до речното руско пристаниште во Новгород, каде изградиле трговска испостава или контор (буквално: „канцеларија“). Други такви сојузи се создале во текот на Светото Римско Царство. Сепак сојузот никогаш не станал формална организација. Собранијата на Ханзините градови се одржувале нередовно во Либек во вид на Ханзетаг (Hansetag; Ханзино собрание), од 1356 година па натаму, но многу градови избрале да не испраќаат свои претставници и одлуките не биле задолжителни за поединечните градови. Низ времето, мрежата на сојузи растела и се движела од 70 до 170 градови.

Сојузот успеал во основање на дополнителни контори во Брухе (Фландрија), Берген (Норвешка) и Лондон (Англија). Овие трговски испостави станале значајни енклави. Лондонскиот контор, основан во 1320, се наоѓал западно од Лондонскиот мост, близу денешната станица за подземната железница Кенон Стрит. Значајно се проширил низ времето со свои складишта, мерни станици, црква, продавници и куќи, покажувајќи ја важноста и размерот на активност што се одвивала таму. Првото негово именување како Челичен двор (der Stahlhof) се случило во 1422.

Почнувајќи со трговија на сурови памучни добра, Ханзата придонела да ја донесе трговијата и индустријата во северна Германија.Frederick Engels "The Peasant War in Germany" contained in the Collected Works of Karl Marx and Frederick Engels: Volume 10 (International Publishers: New York, 1978) p. 400. Како растела трговијата со понов и помек памук и ленени платна, па дури и свила, така се зголемувало производството во северна Германија. Истото дејство се случило и на други полиња, на пр. гравирање, резбарство, производство на оружје, обработка на метали. На кратко, монополизацијата на поморската пловидба и трговијата од Ханзата обезбедило дека ренесансата ќе пристигне во Северна Германија долго пред остатокот од Европа.

Покрај големите контори, поединечни Ханзини пристаништа имале свои трговски патници и складишта. Во Англија вакви складишта имало во Бостон, Бристол, Бишопс Лин (сега Кингс Лин, каде се наоѓа единственото зачувано Ханзино складиште во Англија), Хал, Ипсвич, Норвич, Јармут (сега Грејт Јармут) и Јорк.

мини|Градското собрание на Ревал (сега Талин, Естонија).

Сојузот првично тргувал со дрво, крзно, смола, катран, лен, мед, пченица и ’рж од Истокот до Фландрија и Англија со ткаенини (произведени добра) во другата насока. Металните руди (главно бакар и железо) и харингите доаѓале јужно од Шведска.

Германските доселеници во и век се населиле во бројни градови на и близу источниот балтички брег, како што се Елбинг (Елблонг), Торн (Торуњ), Ревал (Талин), Рига и Дорпат (Тарту), кои станале членки на Ханзата, а некои од нив сè уште поседуваат многу градби на Ханзата и го чуваат стилот од нивните Ханзини денови. Повеќето добиле градски права од Либек (Lübisches Recht), што им обезбедувало да се жалат за сите правни работи до Градскиот совет на Либек. Ливонија, составена од денешна Естонија и делови од Латвија, имала свој Ханзин парламент; сите нејзини поголеми градови станале членки на Ханзата. Главен јазик во трговијата бил среднодолногерманскиот јазик, дијалект со значајно влијание за земјите вклучени во трговијата, особено од поголемите скандинавски јазици, естонски и латвиски.

Зенит

Сојузот имал лабава структура, но неговите членки споделувале некои особини. Најпрвин, голем дел од Ханзините градови започнале како слободни градови или стекнале независност преку збирната сила на преговарање на сојузот, иако таквата независност останала ограничена. Ханзините слободни градови биле верни непосредно на светиот римски цар, без никакво посредство преку локалните благородници.

мини|Георг Гизе од Данциг, 34-годишен германски Ханзин трговец во Челичниот двор, насликан во Лондон од Ханс Холбајн

Друга сличност ја вклучувала нивната стратешка местоположба долж трговските патишта. На врвот на нивната сила кон крајот на век, трговците на Ханзата успеале преку користење на нивната стопанска сила и понекогаш нивната војска да обезбедат заштита на важните трговски патишта, па бродовите на сојузот пловеле со добро наоружани војници, со што имале влијание и на царската политика.

Сојузот, исто така, поседувал сила и во странство. Помеѓу 1361 и 1370, сојузот започнал војна против Данска. Првично неуспешно, Ханзините градови во 1368 година се здружиле во Келнската конфедерација, го ограбиле Копенхаген и Хелсингборг и го приморале Валдемар IV, крал на Данска, и неговиот зет Хокон VI, крал на Норвешка, да му додели на сојузот 15% од добивките на данската трговија со подоцнежниот Штралзундски мировен договор во 1370 година, со што се здобиле со делотворна трговија и политички монопол во Скандинавија. Овој договор бил врвот на силата на Ханзата. Трговските поволности биле обновени со договорот од Вордингборг, во 1435 година.