Виниче — село во Скопско, во состав на Општина Гази Баба.
Географија Селото се наоѓа во областа Црногорија, североисточно од Скопје, во подножјето на Скопска Црна Гора, на еден километар источно од с. Црешево.
Историја Стар век Најраните наоди кои сведочат за населеноста на Виниче датираат од доцната антика и се претставени со два археолошки наоѓалишта: тврдината Градиште и гробницата кај месноста Огради.
XIX век Во век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската Каза во Отоманското Царство.
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, каде имало 18 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 74 мажи христијани, со 2 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 152 жители.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Виниче живеат 65 Македонци-христијани.
XX век По Втората балканска војна во 1913 г. селото потпаѓа под власта на Србија.
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го укажува Винче (Vinče) како село со нејасен етнички состав.
Население
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 354 жители, од кои 336 Македонци, 4 Срби, 7 останати и 7 лица без податоци.
Родови
Виниче е македонско село, населено во целост со родови на Македонци од православна христијанска вероисповед.
Според истражувањата од 1963 година, родови кои живеат во Виниче се:
Доселеници: Трајковци (3 к.) доселени се од некое село во Овче Поле. Го знаат следното родословие: Трајан (жив на 62 г. во 1963 година) Панче-Зафир-Трајко, основачот на родот кој се доселил; Младеновци или Бичкаџии (4 к.) основачот на родот е доселен како ѕидар од некое село во Порече; Шаневци (2 к.) доселени се од претежно албанското село Страчинци; Караџовци (2 к.), Анѓелевци (7 к.), Велковци (2 к.), Цветковци (4 к.) и Лунџовци (1 к.) доселени се, но не знаат од каде., а последниот род Лунџовци можно е да водат потекло од скопското село Блаце каде постои истоимен род.
Во селото имало само еден староседелски род, Илиевци (2 к.), исто така познати како Гоџовци, кои биле доселени од некое место погоре во Скопска Црна Гора или од Кумановско, основачот на родот бил некој Илија. Денес родот е практично иселен во блиското село Стајковци.
Култура Името на селото го носи ликовната манифестација „Виниче“ со културна програма околу црковниот комплекс „Св. Илија“.
Знаменитости Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Градиште — кастел од доцноантичкото време; Калуѓеров Камен; Огради — некропола од доцноантичкото време.
Цркви Црква „Св. Илија“ — главна селска и манастирска црква;
Иселеништво Иселеништвото претежно се одвивало кон Скопје. Таму целосно се иселиле Нерабовци, Стаматковци, и др. Потоа има иселеници во соседното село Стајковци (Шаневи, Анџини, Младеновци, Караџовци, Алтиовци, Дељовци, Дрнговци и Шеровци), Драчево (Десковци).
Личности Стојанче Костоски — виртоуз на кавалСтранците се луди по моите инструменти и музика Лила Филиповска — македонска водителка, потекнува од Виниче.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села со слава Илинден во Македонија