Пиерија () — округ во јужниот дел на Егејска Македонија, денес дел од областа Централна Македонија во Грција. Административен центар е градот Катерина. Ова е најмалиот округ во Егејска Македонија и приближно се совпаѓа со она што традиционално го нарекуваме „Катеринско“, иако опфаќа и некои места од Берско и Солунско. Денешниот назив го добил по долномакедонската област Пиерија, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.
Изобилува со археолошки знаменитости и наоѓалишта, како што се светиот македонски град Дион, историската Пидна и замокот Платамон. Според преданијата, планината Шапка (наречена и Пиерија) во округот е дом на ОрфејOrpheus and Greek Religion (Mythos Books) by William Keith Guthrie and L. Alderlink, 1993, ISBN 0-691-02499-5, page 62 и музите,E.C. Marchant, Commentary on Thucydides: Book 2,Πιερίας—between Mt. Olympus and the Thermaic Gulf, the original home of the Muses and birth-place of Orpheus.. Во јужниот дел на Пиерија се наоѓа и Олимп — највисока планина во егејска македонија и цела денешна Грција, која митолошки се смета за дом на боговите. Други позначајни древни градови се Лејбетра и Пимплеја.
Географија
Округот административно се граничи со окрузите Лариса (во Тесалија) на југ и запад, Кожани на запад и Иматија (Берско) на север. Планината Шапка е сместена во западниот дел. На исток е Солунскиот Залив. Најголемиот дел од населението живее крај морето, во т.н. „Олимписка ривиера“.
Теренот е прилично мешовит: има големи рамници, високи планини и песочни плажи.
Клима Климата е претежно средоземна, со врели лета и свежи зими. Во средишниот и западниот дел на Пиерија неретко зимите се остри и студени, особено на Шапка и Олимп.
Општини
Округот Пиерија се дели на 3 општини. Тие се следниве (означени со бројки во инфокутијата):
Дион-Олимп (Дио-Олимпос) (2) Катерина (Катерини) (1) Пидна-Колиндар (Пидна-Колиндрос) (3)
Поврзано Шапка Олимп Список на села во Катеринско
Наводи
Надворешни врски
Портал на округот Пиерија
Категорија:Окрузи во Егејска Македонија Категорија:Окрузи во Грција