Царентин (; службено наречен Царентин на Шалзе) — град во округот Лудвигслуст-Пархим, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на Шалското Езеро, 19 километри југоисточно од Рацебург и 34 километри западно од Шверин. Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Историја

Помеѓу 1982 и 1990 година, Царентин служел како источногермански патен граничен премин на внатрегерманската граница на денешниот автопат А24 помеѓу Источна Германија или Западен Берлин и Западна Германија. Сообраќајот бил регулиран со одредбите од меѓузонскиот сообраќај.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Лудвигслуст-Пархим Категорија:Внатрегерманска граница Категорија:Градови во Мекленбург Категорија:Населени места основани во 1938 година