Обединето Кнежевство Влашка и Молдавија или Романски обединети кнежевства (романски: Principatele Unite ale Valahiei şi Moldovei) е името на романската држава во периодот од 1859 до 1881 година.

Историја

Позадина и причините за обединување мини|лево|200px|Обединувањето на кнежевствата, Теодор Аман, 1857 По крајот на Кримската војна, австрискиот режим станал омразен меѓу населението, бидејќи бил потиснат материјалниот и политичкиот живот. Во мировните преговори меѓу Големите сили било одлучено замена на рускиот протекторат со колективен протекторат на земјите кои го потпишале договорот. Во исто време романските емигранти во Париз започнале се појасно да го поставуват прашањето за обединување на двете кнежевства. На едната страна застанале Австрија и Османлиското Царство заедно со Англија која била во добри трговски односи со Истанбул. Од друга страна била Франција, која не сакала Русија да излезе во своите сфери на влијание на Балканот, Средоземјето и Мала Азија, како и Русија која проценила дека едно соединување ќе доведе до слабеење на позициите на Османлиите. Најголема улога во обединувањето на двете дунавски кнежевства имале емигрантите во Западна Европа, посебно во Франција која не се спротивставувала на обединувањето.

По крајот на конгресот, австриските сили се повлекле од двете кнежевства, а во 1857 година биле спроведени успешни избори за обединување на двете кнежевства. На конвенцијата од 7 август 1858 било изгласено да се зачуваат двете кнежевства како одделни, но со право да основат заеднички управни органи. Во 1861 година Александар Јон Куза го објавил соединувањето на двете кнежевства, иако тие сѐ уште биле вазални на Османлиското Царство. Во 1861 година во османлиската престолнина била свикана меѓународна конференција која го признала официјално соединувањето на двете кнежевства под името Романија и како вазална земја на Османлиите била до Берлинскиот конгрес.

Независност и територијални промени (1877–1878)

лево|мини|Романската војска го преминува Дунав Во април 1877 година, Романија склучила конвенција со Руската империја која дозволувала руските војски да поминуваат преку романска територија за да ја нападнат Отоманската империја, при што Русија се обврзувала да ја почитува територијалната целовитост на Романија. На 9/21 мај 1877 година, романскиот парламент еднострано прогласил независност од Отоманската империја и објавил војна на Турција. Романија учествувала во Руско-турската војна со околу 120.000 војници, при што романските сили одиграле значајна улога во опсадата и освојувањето на Плевен (Плевна), каде што придонеле за конечниот пораз на османлиската армија предводена од Осман-паша.

Воената победа на руско-романските сили довела до првичниот мировен договор од Сан Стефано (3 март 1878 година), кој ја признавал независноста на Романија, Србија и Црна Гора, но создавал голема бугарска држава под руско влијание. Овој договор предизвикал противење од Велика Британија и Австро-Унгарија, кои стравувале од преголемо руско влијание на Балканот. Затоа бил свикан Конгресот во Берлин под претседателство на Ото фон Бизмарк.

лево|мини|Југоисточна Европа по Берлинскиот конгрес Берлинскиот договор, потпишан на 13 јули 1878 година, ја ревидирал Санстефанската спогодба и официјално ја потврдил целосната независност на Романија. Како дел од територијалните прилагодувања, Романија ја добила Северна Добруџа (вклучувајќи дел од Дунавската делта и островот Змиски – Insula Șerpilor) од Отоманската империја, со што за првпат добила директен пристап до Црното Море и стратешки важни пристаништа како Констанца. Меѓутоа, како компензација, Романија била принудена да ја отстапи јужна Бесарабија (окрузите Кахул, Болград и Измаил) назад на Руската империја. Оваа размена била особено контроверзна во Романија, бидејќи јужна Бесарабија била дел од Молдавија од 1856 година и се сметала за историска романска територија. Романската делегација, предводена од Михаил Когалничану, жестоко протестирала, но протестите не биле прифатени од големите сили.

Прогласување на кралство Кралството Романија било прогласено на 14/26 март 1881 година со одлука на двата дома на романскиот парламент. Со истиот акт, принцот Карол I од династијата Хоенцолерн-Зигмаринген, кој владеел како кнез од 1866 година, бил прогласен за крал на Романија за себе и за своите потомци. мини|210x210пкс|Прогласот за прогласување на кралството Церемонијата на крунисување се одржала на 10/22 мај 1881 година во Букурешт. Круната била изработена од челик добиен од топовска цевка заробена од османлиските сили во битката кај Плевен за време на Руско-турската војна од 1877 година. Со изборот на материјалот, Карол I сакал да ја нагласи дека кралската титула и независноста се резултат на воените заслуги и жртвите на романскиот народ, а не на божествена милост или династички привилегии.

За време на церемонијата, кралот ја примил круната од рацете на претседателот на парламентот, а не преку традиционално црковно миропомазување. Ова било симболичен чин со кој се подвлекувало дека власта на кралот потекнува од волјата на народот и од уставот. Истата челична круна подоцна била користена и од неговите наследници.

Прогласувањето на кралството го заокружило процесот на државно формирање започнат со обединувањето на Молдавија и Влашка во 1859 година и го зацврстило меѓународниот статус на Романија како полноправна европска монархија. Датумот 10 мај станал национален празник во периодот на монархијата.

Кнезови КнезВладеењеБелешки120x120пксАлександру Јоан Куза (Alexandru Ioan Cuza)5 февруари 1862 – 22 февруари 1866110x110пксКарол I (Karl Hohenzollern-Sigmaringen)20 април 1866 – 15 март 1881Првиот германски крал на Романија од династијата Хоенцолерн

Наводи

Категорија:Поранешни вазалства Категорија:Поранешни држави во Европа Категорија:Историја на Влашка Категорија:Кнежевство Молдавија Категорија:Историја на Романија Категорија:Поранешни кнежевства