thumb|Рендгенски/оптички спој на слики од Мачкино Око.
thumb|NGC 6326, планетарна маглина со вжарени прамени кои се осветлени од придружната средишна ѕвезда.
Планетарна маглина — вид на оддавна маглина која се состои од сјајна обвивка од јонизиран гас кој е исфрлен од црвениот џин, последната развојна етапа на ѕвездите. Зборот 'маглина' е со латинско потекло и означува магла или облак а ппоимот 'планетарна маглина' е кованица кој настанала во 1780-тите години кога Вилијам Хершел гледајќи низ својот телескоп , овие објекти му наликувале на кружните форми кои ги имале планетите. Името кое го дал Хершел останало и не е сменето до ден денес. Маглините се релативно краткорочни појави, кој траат неколку десетина или пак илијадници години, во споредба со типичниот животен век на една ѕвезда кој може да изнесува и неколку милијарди години.
Начинот на кој се создаваат планетарните маглини е опишан на следниот начин: при крајот на животот на ѕвездата за време на состојбата наречена црвен џин, надворешните слоеви на ѕвездата се исфрлени нанадвор под дејство на ѕвездениот ветер. На крајот кога поголемиот дел од атмосферата на црвениот џин е расеана, оголеното топло, и сјајно јадро оддава ултравиолетово зрачење и ги јонизира отфрлените обвивки на ѕвездата. Впиената ултравиолетова светлина ги енергизира обвивките од маглиновиот гас околу средишната ѕвезда, и добива изглед на светло обоена планетарна маглина во неколку дискретни видливи бранови должини.
Планетарните маглини играат важна улога во хемискиот развој на Млечниот Пат, на начин што повторно се враќа материјалот во меѓуѕвездената средина од ѕвездите каде елементите, се добиени преку спојувањето на јадрата (како на пример јаглерод, азот, кислород и неон). Планетарните маглини се исто така набљудувани и во многу од далечните галаксии, при што се добиваат корисни податоци за хемиското присуство на елементите во овие гасови.
Денес, сликите од Хабл покажуваат дека планетарните маглини имаат мошне сложена и променлива морфологија. Околу една петтина од нив се сферични, но повеќето се сферно симетрични. Механизмите кои ги создаваат овие променливи облици не се доволно јасни, но средишните двојни ѕвезди, ѕвездените ветришта и магнетните полиња се од некоја важност.
Набљудувања
thumb|NGC 7293, Завојница.Заслуга:НАСА, ЕВА, и К.Р. О'дел
thumb|NGC 2392,ЕскимЗаслуга: НАСА, ЕВА, Ендру Фрухтер
Планетарните маглини општо гледано се слабо видливи објекти, не можат да бидат видени со голо око. Првата планетарна маглина која била откриена е Тег во соѕвездието Лисица. Била набљудувана од Шарл Месје во 1764 г. и означена како M27 во неговиот каталог на небесни објекти. За првите набљудувачи со слаби раздвојни телескопи, M27 и подоцнежно откриените планетарни маглини на некој начин им наликувале на џиновските планети како на пример Уран. Вилијам Хершел, откривачот на Уран ја создал кованицата 'планетарна маглина' за овие ојекти. На почетокот Хершел мислел дека овие објекти биле ѕвезди опколени со материјал кој создавал планети, но денес се знае дека станува збор за остатоци од згаснатите ѕвезди кои ги изгореле најблиските планети.
Природата на планетарните маглини била непозната сè до првите спектроскопски набљудувања во средината на век. Користејќи призма за да се расее светлината, Вилијам Хагинс биле еден од првите астрономи кој го проучувал оптичкиот спектар на астрономските објекти. На 29 август 1864 г., Хагинс бил првиот кој го разгледувал спектарот на планетарната маглина NGC 6543 којашто и истовремено ја набљудувал. Неговите набљудувања покажале дека спектарот се состои од континуум на зрачење со многу темни линии кои се препокриваат. Подоцна тој отктива дека многу од маглинестите објекти како што била маглината Андромеда (која била тогаш позната под тоа име) имала спектар кој бил многу сличен. Овие маглини подоцна се покажало дека се галаксии.
Сепак, кога Хагинс погледнал кон Мачкино Око, топј добил многу поразличен спектар. Наместо да добир силен континуум со впивачки линии кои се препокриваат, маглината Мачкино Око и сличните на неа објекти имале амао мал број на оддавни линии. Најсветлите од овие биле со бранови должини од 500,7 нанометри, која не е линија за некој познат елемент. На почетокот се претпоставувало дека линијата се должи на посотењето на некој непознат елемент, кој бил наречен небулиум. Слична идеја довела до откривањето на хелиумот преку анализата на сончевиот спектар во 1868 година.
Додека хелиумот бил откриен на Земјата по неговото откривање на Сонцето,небулиумот не бил најден. Во почетокот на век Хенри Норис Расел предложил дека не се работи за нов елемент, туку линијата 500,7 нм е линја на познат елемент во напознати услови.
Физичарите покажале во 1920-тите дека гасот има крајно мали густини, електроните можат да ги населат возбудените матастабилни енергетски нивоа во атомите и јоните кои при поголеми густини набрзина се одвозбудуваат. Премините на електроните од овие нивоа во азотните и кислородните јони (, на OIII, и ) ја оддават 500,7 нм линија. Овие спектрални линии, кои можат да се видат само во многу ретки средини се наречени забранети линии. Спектроскопските набљудувања покажале дека маглините се сотавени од крајно разедени гасови.
Средишните ѕвезди во планетарните маглини се могу топли. Само кога ѕвездата ќе го истроши своето јадрено гориво може да се собере до таа големина. Планетарната маглина е всушност последниот чекор од развојот на ѕвездата. Спектроскопските набљудувања дека сите планетарни маглини се шират. Ова довело до идејата дека планетарните маглини се создадени кога надворешните слоеви на атмосферата на ѕвездата се исфрлени во околниот простор при крајот на животот на ѕвездата.
Кон крајот на век, развојот на технологијата помогнал за подетално да се разгледаат и проучат планетарните маглини. вселенските телескопи им овозможиле на астрономите да ги проучуваат светлинските бранови должини надвор од Земјината атмосфера. Инфрацрвеното и ултравиолетовото проучување на планетарните маглини овозможиле уште попрецизни определувања на температурите, гутините и присуството на другите елементи во маглините. ССD технологијата овозможила да се измерат и помалку светлите спектрални линии. Вселенскиот телескоп Хабл исто така покажал дека голем број од маглините имаат едноставни и обични состави кога се набљудувани од површината, високата разделна моќ на телескопите кои се поставени во Земјина орбита покажале дека маглините имаат неопбични и сложени состави.
Според Морган-Кинановата спектрална класификациона шема, планетарните маглини се класифицирани како Вид-P, иако овој запис ретко се користи во практиката.
Потекло
thumb|Сметачка симулација за создавањето на планетарна маглина од ѕвезда со вртложен диск, при што може да се забележи сложеноста која е резултат на малата почетна асиметрија.Заслуга: Винсент Ике
Ѕвездите со маси поголеми од 8 сончеви маси (M⊙) најверојатно својот живот ќе го завршат како експлозии на супернови, додека пак планетарните маглини се случуваат само при крајот на животот на ѕвездите чии маси се движат меѓу 0.8 M⊙ и 8.0 M⊙. Ѕвездите кои создаваат планетарни маглини, ќе го потрошат поголемиот дел од своите животи претворајќи го водородот во хелиум во јадрото на ѕвездата преку процесот на јадрено спојување на температура од 15 милиони К. Оваа енергија создава притисок кон надворешноста на ѕвездата, и оваа сила е урамнотежена од силата на гравитацијата на самата ѕвезда. Поради ова, сите единечни средни и мали ѕвезди на главната низа имаат животни периоди од десетина милиони до неколку милијарди години.
Кога изворот на водород во јадрото на ѕвездата е истрошено, гравитацијата почнува да го собира јадрото, предизвикувајќи пораст на температурата од околу 100 милиони К. Ваквите високи температури во јадрото предизвикуваат поладните надворешни обвивки да се рашират и да создадат многу поголем црвен џин. Овој последен чекор во животот на ѕвездата предизвикува драматичен раст во сјајноста на ѕвездата, при што ослободената енергија е распределена на многу поголема површина, иако просечната површинска температура е многу помала. Гледанo преку помите за ѕвездениот развој, ѕвездите кои имаат вакви зголемувања во сјајноста се познати како асимптотска гранка на ѕвезди џинови.
За помасивните асимптотски ѕвезди кои создаваат планетарни маглини, чии ѕвезди надминуваат 3M⊙, нивните јадра ќе продолжат да се собираат. Кога температурите ќе стигнат до 100 милиони К, достапните хелиумови јадра се спојуваат и создаваат јаглерод и кислород, со што ѕвездата и понатаму продолжува да оддава енергија и привремено го запира собирањето на јадрото. Ова согорување на хелиумот создава јадро од инертни јаглеродни и кислородни атоми. Над ова, постои тенка хелумоба обвивка која служи како гориво, па над неа, водородната обвивка во која се одвиваат јадрени реакции. Овој, период од ѕвездениот развој, е краткорочен отприлика трае околу 20.000, во споредба со целиот животен век на ѕвездата.
Во целото ова сценарио, испуштањето на атмосферата продолжува непречено во меѓуѕвездениот простор, но во моментот кога надворешната обвивка на изложеното јадро ќе постигне темепература од 30.000 К, се оддават доволно моќни ултравиолетови фотони, кои ја јонизираат исфрлената атмосфера, со што предизвикуваат гасот да засвети како планетарна маглина.
Животен век
thumb|Ѓердан се состои од светол прстен кој се протега на две светлосни години, исполнет со густи, светли јазли на гас кои наликуваат на подредени дијаманти во ѓердан. Јазлите имаат силен сјај поради впивањето на ултравиолетовата светлина од средишната ѕвезда.
Откако ѕвездата ќе помине низ асимптотската гранка на џинови, започнува кусиот период на постоењето како планетарна маглина, како што гасовите се одувуваат од средишната ѕвезда со брзини од неколку километри во секунда. Средишната ѕвезда е остатокот од џинот, т.е. електронски изродено јаглеродно-кислолородно јадро, кое останало без својата обвивка од водород поради загубата на маса. Како што гасот се шири, средишната ѕвезда поминува низ двостепен развој, прво станува потопла како што продолжува да се собира и јадрените реакции продолжуваат во обвивките околу јадрото за подоцна да почне да се лади како што е истрошено водородното гориво. При втората фаза, ѕвездата ја оддава својата енергија и јадрените реакции запираат, бидејќи ѕвездата нема доволна маса, а со тоа и температура за да започне процесот на спојување на кислородот и јаглеродот во јадрото. За време на првата фаза, средишната ѕвезда ја одржува постојаната сјајност, додека истовремено станува се потопла и потопла, за на крај да постигне и температури од околу 100,000 К. Во втората фаза, толку многу се изладува што се оневозможува јонизацијата на околниот гас поради непостоењето на ултравиолетовото зрачење. Со тоа ѕвездата станува бело џуџе, и гасот кој се шири во непосредна близина станува невидлив за нас, со што завршува делот од развојот на ѕвездата познат како планетарна маглина. За вообичаена планетарна маглина, периодот на постоење изнесува, околу 10,000 години т.е станува збор за фазата по создавањто на ѕвездата и пред преструктурирањето на истата.
Галактички рециклатори
Планетарните маглини имаат важна улога во галактичкиот развој. Првичниот универзум се состоел само од водород и хелиум, но ѕвездите ги создаваат потешките елементи по пат на јадрено. Гасовите во планетарната маглина содржат голем дел од елементите како што се јаглерод, азот и кислород, и како што истите се шират и спојуваат во меѓуѕвездената средина, ја збогатуваат со потешки елементи, збирно наречени метали од страна на астрономите.