Девојката што паѓа — збирка раскази од италијанскиот писател Дино Буцати (Dino Buzzati), објавена во 2005 година во издание на „Темплум“, како 34 книга во рамките на едицијата „Магма“. Преводот од италијански јазик е дело на Радица Никодиновска, Кристина Плечиќ, Елена Николовска и Драган Христов.
Технички одлики Збирката е печатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 158 страници. Книгата е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-902-66-6. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата „Точка“. На предната корица е наоѓа слика на Ѓорѓе Јовановиќ, додека на задната корица е даден кус осврт врз книгата и попис на објавените книги во едицијата „Магма“. Издавањето на книгата било финансиски поддржано од Министерството за култура.Дино Буцати, Девојката што паѓа, Темплум, Скопје, 2005. Содржина Збирката „Девојката што паѓа“ содржи 18 раскази, преземени од две збирки на Буцати: „Продавница на тајни“ (La boutique del mistero) и „Тешки ноќи“ (La notti difficili). Покрај расказите, на крајот од книгата е дадена куса биографија на авторот. Во збирката се застапени следниве раскази: Седумте гласници Седум ката Ходникот на големиот хотел Грпки во градината Волшебното палто Ајфеловата кула Девојката што паѓа Живот Бабау Еквивалентност Влијание на ѕвездите Алиас во улицата Сезостри Трошност Глобален протест Деликатност Љубовно писмо Пеперутче Полна месечина
Наводи
Категорија:Дела на Дино Буцати Категорија:Изданија на Темплум Категорија:Појавено во 2005 година во Македонија