Тинкоф (кратенка на екипата според UCI: TTS) — поранешна руска професионална велосипедска друмска екипа. Настапува во Светската турнеја. Екипата е поседувана од Русинот Олег Тинков и од 1999 до март 2015 година била управувана од поранешниот победник на Тур де Франс Бјарне Рис. Спонзори на екипата е руската банка Тинкоф.Riis Cycling to have new title sponsor in 2009 at Team-CSC

Основана во 1998 година, како Тим хоум — Џек & Џонс, екипата започнала во втората лига на велосипедизмот. Во 2000 година била преместена во највисоката класа, сега позната како Светска турнеја. Од 2000 година, под различни спонзорски имиња (Мемори Кард-Џек & Џонс и ЦСЦ-Тискали), екипата возела на Тур де Франс. Има победи во генералниот пласман на сите три големи трки во велосипедизмот. На Тур де Франс 2008, Карлос Састре го освоил генералниот пласман, Анди Шлек го освоил пласманот за млад возач, а екипата го освоила екипниот пласман. Покрај тоа, екипата ги освоила повеќето големи класици.

Екипата била победник во екипниот пласман од 2005 до 2007 година во UCI ProTour и екипниот пласман во Светскиот ранкинг.

Состав на екипата

Велосипедисти во рамки на екипата се следниве:

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Екипи во Светската турнеја на UCI Категорија:Дански велосипедски екипи Категорија:Руски велосипедски екипи Категорија:Поранешни екипи во Светската турнеја на UCI