Бенедикт "Бени" Хеведес (роден на 29 февруари 1988) — германски поранешен фудбалер, играч од одбраната.
Технички одлики Централен одбранбен играч, кој може да игра насекаде во дефанзивната линија.
Клупска кариера Шалке 04 thumb|left|Хеведес на тренинг со Шалке 04 Хеведес е роден во Халтерн и започнал да игра фудбал на шестгодишна возраст во локалниот клуб ТУС Хатерн, во кој своите кариери ги започнале и некогашните младинци на Шалке 04, Криштоф Мецелдер и Серхио Пинто. Слично како споменатите двајца и Бенедикт му се приклучува на младинскиот тим на Шалке во 2001 година. Како еден од најдобрите играчи во својата генерација бил капитен на тимот на Шалке до 19 години, а на 19 јануари 2007 го потпишал својот прв професионален договор со клубот. Сезоната ја 2006-07 ја завршил играјќи за вториот тим на Шалке 04 во Оберлигата, но на 10 март 2007 го добил својот прв повик во првиот тим за гостувањето кај Хановер, но останал не искористена замена.
На 3 октомври 2007, го направил своето деби за првиот тим на Шалке, започнувајќи во почетната постава во натпреварот од Лигата на шампионите против Розенборг, поради повредата на Кристијан Пандер. Хеведес го одиграл целиот натпревар, а Шалке победил со 2-0 на гости. Три дена подоцна тој дебитирал во Бундеслигата, повторно како стартер, во поразот со 2-0 на домашен терен од Карлсруе. Својата прва сезона во дресот на Шалке ја завршил со вкупно 9 настапи.
Во следната сезона одиграл многу поголем број на натпревари. На 19 октомври 2008 го постигнал својот прв гол во кариерата на гостувањето против Хамбургер, во натпревар што завршил без победник 1-1. На 10 декември го продолжил својот до 30 јуни 2014 година. Неговиот втор погодок за сезоната се покажал победнички за неговиот тим во минималната победа над Вердер Бремен со 1-0. Сезоната ја завршил со преку 30 натпревари во сите натпреварување.
На 23 јули 2011, Хеведес бил избран за капитен на Шалке.
Јувентус На 30 август 2017, Хеведес му се приклучил на Јувентус на едногодишен заем за сума од 3.5 милиони евра, со право на откуп за уште 13 милиони евра. Дебитирал за Јувентус во Серија А на 26 ноември, во победата со 3-0 на домашен терен над Кротоне. На 15 април 2018, го постигнал својот прв гол за Јувентус, во вториот настап за клубот, во победата со 3–0 на домашен терен над Сампдорија.
Локомотив Москва На 29 јули 2018, Хеведес потпишал за Локомотив Москва.
Репрезентативна кариера thumb|right|Хеведес во дуел со Есекиел Лавеци од Аргентина во финалето на Светското првенство 2014. Како член на репрезентацијата под 19 години, Хеведес играл во полуфиналето на европското првенство под 19 години во 2007 година, додека во 2009 година со репреезентацијата под 21 година го освоил европското првенство во Шведска.
За сениорската репрезентација дебитирал на 29 мај 2011 во пријателски натпревар против Уругвај. На 7 јуни 2011 го одиграл својот прв официјален натпревар за Германија во квалификациите за Евро 2012 против Азербејџан. Германците го добиле натпреварот со 3-1, а Хеведес бил асистент за првиот гол кој го постигнал Месут Езил.
Во мај 2012 селекторот на Германија Јоаким Лев го избрал мѓу 23-цата играчи за Европското првенство во Полска и Украина.
На 15 август 2012, тој го постигнал првиот гол за својата репрезентација во поразот со 1–3 на домашен терен од Аргентина.
Во јули 2014 година станал светски првак, освојувајќи го Светско првенство во Бразил 2014.Germany win World Cup 2014 - now are they set to rule?Germany beat Argentina to win World Cup final with late Mario Götze goal
Статистика на кариерата Клупска статистика
СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2007-2008 Шалке 04 БЛ 6 0 КГ 0 0 ЛШ 3 0 ЛКГ 0 0 9 0 2008-2009 БЛ 24 2 КГ 2 0 ЛШ+КУ 2Трето преелиминарно коло.+5 0 - - - 33 2 2009-2010 БЛ 33 3 КГ 5 3 - - - - - - 38 6 2010-2011 БЛ 30 1 КГ 6 1 ЛШ 10 2 СГ 1 0 47 4 2011-2012 БЛ 22 1 КГ 3 0 ЛЕ 82 настапи во плејофот. 0 СГ 1 0 34 1 2012-2013 БЛ 32 0 КГ 3 0 ЛШ 8 2 - - - 43 2 2013-2014 БЛ 19 1 КГ 3 1 ЛШ 10 0 - - - 32 2 Вкупно во кариерата 166 8 22 5 46 4 2 0 236 17
Титули Клупски
Шалке 04Benedikt Höwedes Куп на Германија (1) : 2010–11 Суперкуп на Германија (1) : 2011
Јувентус Серија А (1) : 2017-2018 Куп на Италија (1) : 2017-2018
Репрезентативни Германија ФИФА Светско фудбалско првенство : 2014 Европско првенство за играчи под 21 година : 2009
Наводи
Надворешни врски
Бенедикт Хеведес на soccerway Бенедикт Хеведес на transfermakt
Категорија:Живи луѓе Категорија:Германски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Шалке 04 Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Локомотив Москва Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2014 Категорија:Родени во 1988 година