Робин Кваизон (роден на 9 октомври 1993) — шведски фудбалер со ганско потекло, напаѓач на Мајнц 05 и на шведската репрезентација.

Кариера Клупска кариера Роден во Стокхолм од татко од Гана и мајка швеѓанка, Кваизон е производ на академијата на АИК.

Во 2011 година тој бил позајмен на Васби Јунајтед, екипа од третата лига, со цел да собере искуство. На 16 натпревари за Васби постигнал 8 гола во регуларниот дел од сезоната, и имал еден настап во плејофот.

Тој се вратил во клубот од каде потекнува, и бил вклучен во првиот тим за кого дебитирал на 24 март 2012 во натпревар од Суперкупот на Шведска каде неговиот тим загубил со 2-0 од Хелсингборг; Кваизон влегол во игра 80-тата минута на местото на Роберт Оман Персон. Тој дебитирал во Алсвенскан (шведското првенство) на 1 април 2012 година во ремито 0-0 против Мјелби, влегувајќи во игра ви 76-тата минута. На 15 април 2012 за првпат бил стартер во победата со 1-0 на гостувањето против Сиријанска, а на 20 мај го постигнал својот прв гол во шведската прва лига против Норчепинг. Исто така, во 2012 година го имал своето деби во Лигата на Европа; на 19 јули во натпревар што завршил 1-1 против Хабнафјердир, играл како стартер до 60-тата минута кога бил заменет со Алхасан Камара; вкупно за таа сезона одиграл 7 натпревари во Лига Европа вклучувајќи еден настап во плејоф рунндата и другите шест во фазата по групи, каде АИК бил елиминиран. Сезоната 2012 ја завршил со 18 натпревари во лигата, а три во шведскиот куп.

Кваизон во дресот на АИК во 2014.|thumb|left|250px Во сезоната 2013 тој одиграл 23 натпревари во лигата на кој постигнал 4 гола и имал еден настап без погодок во националниот куп. Во почетниот дел на сезоната 2014 одиграл 10 натпревари во лигата, постигнувајќи еден гол. На последниот натпревар во дресот на АИК на 2 јуни 2014 во победата со 4-2 над Бромапојкарна, излегол од игра во 67-мата минута, за да може да биде испратен со аплаузи од навивачите за сè што направил за клубот и да му отстапи место на Антон Салетрос.

На 18 јули 2014 година, тој се пресели во Италија потпишувајќи тригодишен договор со новопромовираниот клуб во Серија А, Палермо.Quaison è rosanero Palermocalcio.it По комплетирањето на трансферот го преземал дресот со број 21. Тој го направил своето деби со розовиот дрес во првиот официјален натпревар на Палермо за сезоната, двобојот од третиот круг на италијанскиот куп против Модена на 24 август во кој неговиот клуб загубил катастрофално со 3-0 на домашен терен.Palermo-Modena 0-3 Palermocalcio.it На 21 септември, го направил своето деби во италијанското првенство во натпреварот Палермо-Интер (1-1) во третото коло, заменувајќи го стрелецот на голот за Палермо Франко Васкес во 83-тата минута. На 11 јануари 2015 година, Кваизон се појавил во игра од клупата за резерви на местото на ветеранот Енцо Мареска во 52-рата минута од натпреварот против Фјорентина и во следните 9 минути постигнал два гола за да направи израмнување од 2-0 до 2-2; натпреварот завршил 4-3 за виолa.Fiorentina-Palermo 4-3, gol di Pasqual, Basanta, Quaison (2), Cuadrado, Joaquin e Belotti (rigore) Gazzetta.it Тоа биле воедно неговите први голови во Серија А. На 14 февруари, тој за првпат бил стартер за Палермо во победата со 3-1 против Наполи.

На 31 јануари 2017 потпишал 4 и пол годишен договор со Бунеслигашот Мајнц 05. Своето деби за Мајнц го направил на 25 февруари 2017 во победата со 2-0 на гости над Баер Леверкузен. Својот прв гол за петките го постигнал на 11 март во поразот со 2-1 од Дармштат.

На 17 декември 2019, Кваизон го постигнл својот прв хет-трик во кариерата во победата со 5–0 на гостувањето кај Вердер Бремен во Бундеслигата.

На 16 мај 2021 година, Кваизон го постигнал единствениот гол за Мајнц, во поразот со 3-1 од Борусија Дортмунд во Бундеслигата, со што стигнал до својот триесетти погодок за клубот; притоа тој, исто така, станал најдобриот стрелец на Мајнц на сите времиња во Бундеслигата, надминувајќи ги Јунус Мали и Мохамед Зидан со кои претходно бил изедначен.

Репрезентативна кариера Робин Кваизон во акција во дресот на шведската репрезентација под 21 година.|thumb|left|250px По неколку појавувања во младата репрезентација, Кваизон добил повик во сениорската репрезентација од страна на селекторот Ерик Хамен за да игра на Кинг'с купот кој се одржал во Тајланд во јануари 2013 година. На оваа манифестација собрал два настапи и еден постигнат гол, кој го дал во финалето против Финска со шут надвор од шеснаесетникот.

Во јуни 2015, Кваизон бил дел од репрезентацијата на Шведска која го освоила Европското првенство за играчи под 21 година во Чешка. Тој постигнал еден гол на турнирот, во победата со 4-1 над Данска во полуфиналето, а исто така се појавил како замена и во финалето во кое швеѓаните ја совладале Португалија по изведување на пенали.

Следната година, тој учествувал со шведската олимписка репрезентација на Летните олимписки игри 2016, но таму неговата земја била елиминирана уште во првата фаза.

По неколку години пауза, благодарение на одличната форма во дресот на Мајнц, Кваизон се вратил во сениорската репрезентација и во текот на 2019 година учествувал во квалификациите за Европското првенство 2020: тој одиграл 9 натпревари и постигнал 6 голови - со кои бил најдобар стрелец на својата земја - помагајќи им на швеѓаните да се пласираат на завршниот турнир.

Во летото 2021, Кваизон за првпат во кариерата бил повикан да настапи на некое големо натпреварување со сениорската репрезентација на Шведска, откако се нашол во составот од 26 играчи избран од селекторот Јане Андерсон за Европското првенство 2020. Тој играл во сите четири натпревари на својата земја, а патот за него и неговите соиграчи завршил во осминафиналето каде биле елиминирани по продолженија од со 1-2.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика и рекорди Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 10 март 2015.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол мар.-јун. 2011 АИК А 0 0 - - - - - - - - - 0 0\ јун.-ное. 2011 Васби Јунајтед Д1 16+1Во плејофот. 8+0 - - - - - - - - - 17 8 2012 АИК А 18 2 КШ 3 1 ЛЕ 7Еден натпревар е квалификациски. 0 СШ 1 0 29 3 2013 А 23 4 КШ 1 0 - - - - - - 24 4 мар.-јун. 2014 А 10 1 - - - - - - - - - 10 1Вкупно АИК 51 7 4 1 7 0 1 0 62 8 2014-2015 Палермо А 19 2 КИ 1 0 - - - - - - 20 2 2015-2016 А 30 1 КИ 2 1 - - - - - - 32 2 2016-јан. 2017 А 17 4 КИ 1 0 - - - - - - 18 4Вкупно Палермо 66 7 4 1 - - - - 70 8 јан.-јун. 2017 Мајнц 1Б 11 1 КГ - - - - - - - - 11 12017-2018 1Б 24 4 КГ 2 0 - - - - - - 26 42018-2019 1Б 28 7 КГ 2 2 - - - - - - 30 92019-2020 1Б 32 13 КГ 1 0 - - - - - - 33 132020-2021 1Б 28 6 КГ 2 1 - - - - - - 30 7Вкупно Мајнц 123 31 7 3 - - - - 130 34Вкупно во кариерата 257 53 15 5 7 0 1 0 279 58

Рекорди Мајнц Играч со најголем број постигнати голови во дресот на Мајнц во Бундеслигата: 31

Хет-трикови Хет-триковиДатаМестоЕкипаПротивникГоловиРезултатНатпреварување1 10/09/2011 Гамлиавален, Умео 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 0 - 3 Дивизион 1 - Север2 17/12/2019 Везер, Бремен 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 0 - 5 Бундеслига 2019-20203 08/02/2020 Олимписки стадион, Берлин 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 1 - 3 Бундеслига 2019-2020

Титули Репрезентативни Шведска под 21 година Европско првенство за играчи под 21 година : 1 2015

Наводи

Надворешни врски

Робин Кваизон на soccerway Робин Кваизон на transfermarkt Робин Кваизон на espn Робин Кваизон на whosocered

Категорија:Шведски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК АИК Категорија:Фудбалери на ФК Палермо Категорија:Фудбалери на ФК Мајнц 05 Категорија:Родени во 1993 година