Ернест Томас Синтон Волтон ( – ) — ирски физичар и добитник на Нобелова награда за физика за неговата работа со Џон Кокрофт за „атомско уништувачките“ експерименти изведени во Кембричкиот универзитет во раните 1930-ти и станал првата личност во историјата вештачки да го раздели атомот, воведувајќи ја јадрената доба.
Рани години Ернест Волтон е роден во Абејсајд, Вотерфорд (грофовија), Ирска, син на методист министер, Џон Волтон (1874–1936) и Ана Синтон (1874–1906). Семејството на Ернест на секои три години се преселувало, додека бил дете, во Раткил во Лимерик (каде што починала неговата мајка) и во Монахан. Тој се школувал во Даун, Тирон и колеџот „Весли“ во Даблин пред да стане член на колеџот „Методист“ во Белфаст во 1915, каде што го проширил своето знаење за науката и математиката.
Во 1922 Волтон добил стипендии во колеџот „Тринити“ во Даблин за студирање на математика и наука. Бил награден со професорска и магистерска диплома од „Тринити“ во 1926 и 1927. За време на тие години во колеџот, Волтон добил голем број на награди за брилијантност во физиката и математиката (седум награди сè на сè). По дипломирањето бил награден со „Истражно друштво 1851“ од Кралската комисија за изложбата од 1851 1851 Royal Commission Archives и бил прифатен како истражувачки студент во колеџот „Тринити“ во Кембриџ, под надзор на Сер Ернест Радерфорд, директор на Кавендишката лабораторија во Кембричкиот универзитет. Во тоа време имало четири нобелови лауреати под сопствеништво на работниците во лабораторијата, но наскоро се придодал и петтиот лаурат на Волтон. Волтон станал доктор по филозофија во 1931 и останал во Кембриџ како истражувач сè до 1934.
Во почетокот на 1930-те Волтон и Џон Кокрофт соработувале за да изградат апарат кој ги дели јадрата на литиумовите атоми преку бомбардирање со прилив на протони забрзани во високонапонска цевка (700 киловолти). Разделбата на литиумските јадра резултирала со создавање на хелиумски јадра. Ова било експериментално потврдување на теориите за атомската градба која била претходно предложена од Радерфорд, Георгиј Гамов и други. Успешниот апарат - вид на честичен забрзувач сега наречен Кокрофт-Волтонов генератор - помогнал во навестувањето на доба на честично-забрзувачка експериментална јадрена физика. Токму ова истражување во раните 1930-ти им ја донело Нобеловата награда за физика во 1951 на Волтон и Кокрофт.
Кариера во колеџот „Тринити“ (Даблин) Ернест Волтон се вратил во Ирска во 1934 за да стане член на колеџот „Тринити“ во Даблин во одделот за физичари и во 1946 бил назначен за професор со наслов Erasmus Smith's Professor of Natural and Experimental Philosophy (Еразмус Смитов професор по природна и експериментална филозофија). Предавањето на Волтон се сметало за неприкосновено со тоа што бил способен комплицираните прашања да ги претстави на едноставен и лесен начин. Неговите истражувачки интереси биле водени со многу ограничени средства, сепак успеал да го проучи, во доцните 1950-ти, фосфоресцентниот ефект во очила и депонирањето на тенки филмови на стакло.
Семеен живот Ернест Волтон се оженил со Фреда Вилсон (1903–1983), ќерка на Ирски методистички министер, на 23 август 1934. Заедно имале пет деца: Д-р Алан Волторн (професор по физика во Магдаленскиот колеџ во Кембриџ Господин Маријан Вудс Професор Филип Волтон, професор по применета физика Жан Кларк Винифред Волтон
Религиски погледи
Одгледан како методист, Волтон бил опишан како некој кој силно се предал на христијанската вера.V. J. McBrierty: Ernest Thomas Sinton Walton, The Irish Scientist, 1903-1995 (Trinity College Dublin, 2003) Тој дури и предавал за врската на науката со религијата во неколку држави по добивањето на Нобеловата наградаWalton was strongly committed to the Methodist faith, and following the award of the Nobel Prize in Physics in 1951 jointly to himself and John Cockroft, he spoke on science and religion to audiences in Ireland, the United States, and Sweden. и го поттикнал развитокот на науката како начин да се дознае повеќе за Бог.
Зрели години Иако се пензионирал од „Тринити“ во 1974, тој ја одржувал врската со одделот за физичари во „Тринити“ сè до неговата последна болест. Тој бил познат лик во собата за чај. Накратко пред неговата смрт си ја запечатил неговата животна посвета кон „Тринити“ со презентирање на Нобеловиот медал и цицат за колеџот.Biography
Починал во Белфаст на 25 јуни 1995, на 91 годишна возраст и бил погребан на гробиштата "Deansgrange". Бил широко почитуван и сметан за скромен човек.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски Ernest T. S. Walton – Biography . Annotated bibliography for Ernest Walton from the Alsos Digital Library for Nuclear Issues Ernest Thos S Walton 1911 Census of Ireland . Irish Patents Office
Категорија:Експериментални физичари Категорија:Ирски физичари Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Ирски протестанти Категорија:Ирски нобеловци Категорија:Апсолвенти на Кембричкиот универзитет