Николас Блумберген (; — ) — холандско-американски физичар и добитник на Нобелова награда за физика.

Тој својот докторат го стекнал на Лајденскиот универзитет под менторство на Корнелис Јакоб Гортер во 1948 година додека го работел својот докторат на Харвард, Блумберген исто така работел полувремено како подипломец истражен асистент за Едвард Милс Персел при МИТ радијационата лабораторија . Тој станал професор на Харвард на одделот за применета физика. Тој исто така бил израснат во протестантско домаќинство.

Блумберген се запишал на во 1938 година на Утешкиот универзитет а да учи физика. Тој ја напушта воено разрушената Холандија во 1945 година за да продолжи со студиите на Харвард. Шест недели пред неговото пристигнување, харвардскиот професор Едвард Милс Персел (заедно со неговите подипломци Тори и Паунд) ја откриле јадрената магнетна резонанса. Тој бил најмен да ја изработи првата НМР машина. Додека бил на Харвард тој уживал да ги следи часовите на Џулијан Швингер, Џон Хазбрук ван Флек и Едвин Кембл. Неговата теза Јадрено магнетно опуштање било поднесено до Лајденскиот универзитет, каде ги поминал квалификационите критериуми. По краткиот подокторски состанок со Корнелис Јакоб Гортер во Холандија, се вработил на Харвард каде бил именуван за млад член на Друштвото на научните соработници во 1949 година и помошник професор во 1951 година.

Во 1958 година, тој станал амаерикански граѓанин.

Бил награден со Лоренцов медал во 1978 година. Блумберген ја поделил Нобеловата награда за физика во 1981 година со Артур Леонид Шавлов и Кај Сигбан за нивната работа на ласерската спектроскопија. Блумберген и Шавлов ги испитале својствата на материјата која не би можела да се забележи без ласери. Тој претходно го преобликувал масерот на Чарлс Хард Таунс. Блумберген работи на Аризонскиот универзитет.

Блумберген е припадник на плодното Томсоново академско наследно дрво, следејќи ги чекорите на другите добитнивци на Нобеловата награда започнувајки со Лородот Рејли и Џ. Џ. Томсон, и продолжува со Ернест Радерфорд, Овен Виланс Ричардсон и на крај со менторот на Блумберген, Едвард Милс Персел. Професорот Блумберген е член на одборот на спонзори на Билтенот на атомските физичари и почесен уредник на списанието списанието за нелиниска оптика физика и материјали.World Scientific. Journal of Nonlinear Optical Physics & Materials. Journal Editorial Board. Други кои влијаеле на неговите истражувања се Џон Хазбрук ван Флек и Перси Бриџман.

Почести Дописен член на Кралската холандска академија на науките, Амстердам, 1956 Член на Американска академија на науките и уметностите, 1956 Член на Националната академија на науките, Вашингтон, 1959 Странски почесен член на Индиската академија на науките, Бангалор, 1978 Странски соработник на Академијата на науките, Париз, 1980 Гугенхајмов член, 1957 Баклиева анграда, Американско друштво на физичарите, 1958 Либманова награда, Институт на радиоинженери, 1959 Балентинов медал, Франклинов институт, Филаделфија, 1961 Национален медал за наука, Претседателот на САД, 1974 Лоренцов медал, Кралската холандска академија на науките, Амстердам, 1978 медал, Американско друштво на оптичарите, 1979 фон Хумболтов постар научник, 1980 Член пензионер, Американска национална акдемија за инженерство, 1984

Наводи

Надворешни врски

Freeview video 'An Interview with Nicolaas Bloembergen' by the Vega Science Trust Nicolaas Bloembergen their contribution to the development of laser spectroscopy Oral History interview transcript with Nicolaas Bloembergen 27 June 1983, American Institute of Physics, Niels Bohr Library and Archives Autobiography at the Nobel Prize website

Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Американски нобеловци Категорија:Американски физичари Категорија:Холандски нобеловци Категорија:Холандски физичари Категорија:Експериментални физичари Категорија:Оптички физичари Категорија:Членови на Француската академија на науките Категорија:Носители на Националниот научен медал Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Луѓе од Дордрехт Категорија:Спектроскопичари Категорија:Апсолвенти на Харвард Категорија:Членови на Леополдина Категорија:Членови на Кралската холандска академија на уметностите и науките Категорија:Членови на Американското филозофско друштво Категорија:Носители на Лоренцовиот медал Категорија:Членови на Американската академија на инженерството