Ивар Јевер (; - ) — норвешко-американски физичар кој ја споделил Нобеловата награда за физика во 1973 со Лео Есаки и Брајан Џозефсон „за опитните откритија во врска со тунелските појави во полупроводниците и суперпроводниците“. Јевер е пензиониран професор во Ренселеровиот политехнички институт, професор во Универзитетот во Осло и шеф на катедрата за применета биофизика.
Рани години и образование Јевер добил диплома по машинство од Норвешкиот институт за технологија во Трондејм во 1952. Во 1954, емигрирал од Норвешка во Канада, каде бил вработен од канадскиот оддел на Џенерал Електрик. Четири години подоцна се преселил во САД, придружувајќи се на лабораторијата за истржување на „Џенерал Електрик“ во Скенектади, Њујорк, во 1958. Оттогаш живее таму, а во 1964 земал американско државјанство. Додека работел за Џенерал Електрик, Јевер докторирал во Ренслерскиот политехнички институт во 1964.
Нобелова награда Работата која му ја донела Нобеловата награда на Јевер била спроведена во Џенерал Електрик во 1960. Откако Есаки го пронашол електронското тунелирање во полуспроводници во 1958, Јевер покажал дека тунелирањето се одвивало и во суперспроводници, демонстрирајќи тунелирање низ многу тенок слој на оксид опкружен од двете страни со метал во суперспроводничка или нормална состојба. Експериментите на Јевер го докажале постоењето на енергетски процеп во суперспроводниците, едно од најважните предвидувања на БКШ-теоријата за суперспроводливост, која била развиена во 1957.Bardeen, Cooper, and Schrieffer won the Nobel Prize in Physics in 1972 for this theoretical advance, which bears their initials. Експерименталната демонстрација на тунелирање во суперспроводници го поттикнала теоретскиот физичар Брајан Џозефсон да рабори на појавата, која го навела на откривање на џозефсоновиот ефект во 1962. Есаки и Јевер споделиле половина од Нобеловата награда во 1972, а Џозефсон ја добил другата половина.
Истражувањето на Јевер во подоцнежниот дел од неговата кариера било на полето на биофизиката. Во 1969, тој ја истражувал биофизиката една година како соработник со колеџот "Clare Hall", Кембрички универзитет, преку Гугенхајмското друштво, продолжил да работи на ова поле по враќањето во САД.
Тој потпишал писмо од над 70 начници Нобеловци во луизијанското законодавство поддржувајќи го укинувањето на луизијанскиот креационистички закон, „Луизијанскиот научнообразовен акт“.
Други награди Покрај Нобеловата награда, тој бил награден и со Оливер Баклиева награда од американското друштво на физичари во 1965 и Зворикинова награда од националната академија за инженерство во 1974. Тој е член на Норвешката академија на науки и писма.
Гледишта за глобалното затоплување Според весникот "The Wall Street Journal", Јевер го опишал вештачкото глобално затоплување како „нова религија“, со наводи од изјава објавена од комитетот на животна средина и урбана работа на американскиот сенат, предводен од Џим Инхоф, во март 2009. Извештајот тврди дека Јевер кажал: „Јас сум скептик... Глобалното затоплување стана нова религија“.
Во одбрана приказна во најголемиот норвешки весник, "Aftenposten", 26 јуни 2011, Јевер изјавил: „Неверојатно е колку стабилна е температурата во изминатите 150 години“
На 13 септември 2011, иако почесен соработник, Јевер поднел оставка од американското друштво на физичари во текот на својата официјална позиција истакнувајќи: „Во американското друштво на физичари е во ред да се дискутира дали масата на протонот се менува со времето и како мултивселената се однесува, но доказот за глобалното затоплување е непобитен?“
Како дел од шеесет и втората средба на нобеловци, Јевер посочил на согласноста со доказите за климатските промени како „религија“ и коментирал за значењето на очигледното затоплување: „Што значи тоа дека температурата се зголемила за 0,8 степени? Веројатно ништо.“ Посочувајќи кон доказите во негово присуство, Јевер изјавил: „Јас избирам кога го држам овој говор како што претходниот говорител Марио Молина избираше кога го одржа неговиот говор.“ Јевер ја завршил неговата презентација со изреката: „Дали климатската промена е псевдонаука? Ако јас го одговорам ова прашање, одговорот е: апсолутно.“Giaver, I. "The Strange Case of Global Warming", Lecture, 62nd Lindau Meeting, July 2012
Избрани објавени дела
Наводи
Надворешни врски
Interview with Professor Ivar Giaever, од Official Nobel Prize Website Biography and Bibliographic Resources, од Office of Scientific and Technical Information, United States Department of Energy University of Oslo website about Ivar Giaever Applied Biophysics Website Family genealogy
Категорија:Норвешки физичари Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Американски нобеловци Категорија:Норвешки нобеловци Категорија:Суперспроводливост Категорија:Членови на Норвешката академија на науките Категорија:Членови на Кралската шведска академија на инженерските науки Категорија:Луѓе од Берген