Христо Оџаклиевски (Суровичево, Леринско, Егејска Македонија, - , Албанија, ) — македонски партизан.
Животопис Христо Оџаклиевски е роден во 1921 година во леринското село Суровичево, Егејска Македонија, каде што татко му бил на работа. Христо бил чевларски работник. Co Народноослободителното движење соработувал од 1941 година, а член на КПЈ станал на почетокот од 1943 година. Во март 1943 станал борец на Мавровскиот партизански одред. Во борбата со балистите на 27 април 1943 година во Ново Село, Гостиварско, бил заробен со уште девет македонски партизани. Тие набрзо биле префрлени во политичкиот затвор во Тирана, Албанија, каде што на 17 мај 1943 година италијанските фашисти го обесиле со уште петмина од нив: Илија Антевски - Смок, Душко Поповиќ, Раде Угриновски, Драге Тодоровски и Трифко Андоновски."Zëri i Popullit", број 2 од 18 мај 1943 Истиот ден, Околискиот комитет на Комунистичката партија на Албанија за Тирана организирал масовни демонстрации на кои излегле илјадници жители на Тирана.Леток на Комунистичката партија на Албанија по повод бесењето на шест македонски партизани во ТиранаДејан Алексиќ „Душко Поповиќ - Ѓоко“, Архив на Скопје, Скопје, 1985, 345-346 стр.
Наводи
Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски партизани Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Мавровско-гостиварски партизански одред „Кораб“