Загориче — археолошко наоѓалиште во прилепското село Дебреште. Претставува населба и црква од среден век. Се наоѓа на 1,5 км од селото и исто толку источно од селото Кошино, каде во подножјето на Караџова Нива има фрагменти од керамички садови, питоси, црепни и згура од топена руда. На еден мал простор од 20 м2, обраснат со ниска вегетација, има грамада од кршен камен, бигор и фрагменти од средновековни покривни ќерамиди.

Поврзано Селска Џамија — осамен наод од римско време; Бачилиште — населба од римско време; Градиште — населба од неолит до среден век; Млака — некропола од средниот век; Кале — кастел од доцноантичко време; Горна Црква — населба од доцноантичко време и црква од старохристијанско време; Дебреште; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;

Наводи

Категорија:Дебреште