Српоклун () — род птици од семејството на рајските птици (Paradisaeidae) од шуми на Нова Гвинеја. Имаат свиени клунови налик на срп и долги опашки. Мажјаците имаат сјајноцрни делови од перјето, додека пак женките се целосно кафеави, а оздола пругави.
Двата члена на родот Drepanornis понекогаш се сметаат за српоклуни, но опашките им се многу покуси и имаат помалку изразен полов диморфизам.
Видови црн српоклун (Epimachus fastuosus) кафеав српоклун (Epimachus meyeri)
Надворешни врски
Категорија:Рајски птици