мини|десно|Сутјеска пред да навлезе во клисурата Сутјеска () — река во Република Српска, Босна и Херцеговина, притока на Дрина, во која се влева кај Фоча. Зборот „сутјеска“ значи кратка клисура.

Реката е најпозната како место на одигрување на значајната Битка на Сутјеска (1943) во Втората светска војна.

Географија Сутјеска е сместена во Националниот парк „Сутјеска“ и ја дели планината Зеленгора од планините Маглиќ, Волујак и Биоч, со впечатлива клисура длабока 1.200 м и долината Тјентиште.

Поради големиот пад од 1.037 метри, Сутјеска е многу брза и располага со околу 20.000 кВч хидроенергија.Енциклопедија на Југославија: Србија – Ж (книга VIII). „Југословенски лексикографски завод“, Загреб, 1971.

Притоки мини|десно|Долината на Хрчавка во Националниот парк „Сутјеска“

Реката ги има следниве притоки: леви: Клобучарица, Јабучница и Хрчавка; десно: Сушки Поток, Приевор и Перуќица.

Поврзано Перуќица Национален парк Сутјеска Тара (река) Пива (река) Дрина Неретва

Наводи

Надворешни врски

Национален парк Сутјеска

Категорија:Реки во Босна и Херцеговина Категорија:Географија на Република Српска Категорија:Дрински слив