УЕФА Европското првенство за играчи под 21 година - 2015 било 20-тото Европско првенство за играчи под 21 година, фудбалско натпреварување кое се одржува на секои две години за репрезентациите за играчи под 21 година, организирано од страна на УЕФА. Завршниот турнир ќе биде одржан во Чешка од 17-30 јуни 2015 година, откако нивната понуда била избрана од страна на Извршниот комитет на УЕФА на 20 март 2012 година во Истанбул, Турција.

Педесет и две репрезентации учествувале во квалификациите, кои се одвивале помеѓу март 2013 и октомври 2014 година, за да се добијат седумте земји кои му се приклучиле на финалниот турнир на домаќинот. Фудбалерите родени на или по 1 јануари 1992 година, имаат право да учествуваат на турнирот.

Бранител на титулата требало да биде Шпанија, која ја обезбедила својата втората последователна титула со победата над Италија со 4-2 на претходното првенство во 2013 година во Израел. Сепак, Шпанија не била во можност да ја брани својата титула, бидејќи биле елиминирани од страна на Србија во квалификацискиот-бараж.

Во финалето, играно на Еден Арена во Прага, Шведска ја победила Португалија со 4-3 на пенали, откако по 120 минути игра натпреварот завршил 0-0. Притоа, шведската репрезентација ја освоила својата прва титула во ова натпреварување, откако претходно загубиле во финалето во 1992, обезбедувајќи ја првата титула во младинските натпреварувања организирани од УЕФА.

Со пласманот во полуфиналето, Данска, Германија, Португалија и Шведска, исто така, се квалификувале за Летните олимписки игри 2016, кој ќе се одржат во Бразил.

Квалификации Квалификациите за завршниот турнир на Европско првенство за играчи под 21 година - 2015 се состоел од два круга: групна фаза и бараж. Ждрепката за групната фаза се одржала на 31 јануари 2013 година во Нион, Швајцарија, каде 52 државни репрезентации биле поделени во десет групи со по пет или шест екипи. Секоја група се одиграла по двоен Бергеров систем, каде што репрезентациите играат едни против други двапати, дома и на гости. Десетте репрезентации победници на групите и четирите најдобри второпласирани репрезентации се пласирале во бараж-двомечот. Седумтте победници од баражите му се приклучиле на домаќинот Чешка на завршниот турнир.

Квалификувани репрезентации Во табелата се наоѓаат квалификуваните репрезентации за завршницата на Европско првенство за играчи под 21 година - 2015 :

Држава Квалификувана како Претходни учества на турнирот1само во У-21 ерата (од 1978) Домаќин 11 (19785, 19805, 19885, 19905, 19925, 19945, 1996, 2000, 2002, 2007, 2011) Победник во баражот (против Исланд) (1978, 1986, 1992, 2006, 2011) Победник во баражот (против Хрватска) 12 (1978, 1980, 1982, 1984, 1986, 1988, 2000, 2002, 2007, 2009, 2011, 2013) Победник во баражот (против Украина) 11 (19822, 19842, 19882, 19902, 1992, 1996, 1998, 2004, 2006, 2009, 2013) Победник во баражот (против Словачка) 17 (1978, 1980, 1982, 1984, 1986, 1988, 1990, 1992, 1994, 1996, 2000, 2002, 2004, 2006, 2007, 2009, 2013) Победник во баражот (против Холандија) (1994, 1996, 2002, 2004, 2006, 2007) Победник во баражот (против Шпанија) (19783, 19803, 19843, 19903, 20044, 20064, 2007, 2009) Победник во баражот (против Франција) (1986, 1990, 1992, 1998, 2004, 2009) 1 Болд буквите укажуваат на шампионот за таа година. Италик укажува на домаќинот на турнирот. 2 како Западна Германија 3 како Југославија 4 како Србија и Црна Гора 5 како Чехословачка

Стадиони Натпреварувањето ќе биде одржано на четири стадиони во три града домаќини: Еден Арена и Џенерали Арена (во Прага), Стадионот Андрув (во Оломуц), и Стадионот Мирослава Валенти (во Ухерске Храдиште). Прага Оломуц Ухерске Храдиште Еден Арена Џенерали Арена Стадион Андрув Стадион Мирослава Валенти Капацитет: 20,800 Капацитет: 19,784 Капацитет: 12,566 Капацитет: 8,121

Судии Шест судии од шест различни земји ќе ја делат правдата на натпреварите од турнирот: Земја Судија Помошници Дополнителни асистенти судии Франција Клеман Тирпен Frédéric CanoNicolas Danos Fredy FautrelNicolas Rainville Грција Анастасиос Сидиропулос Damianos EfthymiadisPolychronis Kostaras Michael KoukoulakisStavros Tritsonis Холандија Дани Макели Mario DiksHessel Steegstra Kevin BlomJochem Kamphuis Полска Шимон Марцињак Paweł SokolnickiTomasz Listkiewicz Paweł RaczkowskiTomasz Musial Русија Сергеј Карасев Anton AveryanovTikhon Kalugin Sergey LapochkinSergey Ivanov Шпанија Хавиер Естрада Фернандес Miguel Martínez MunueraTeodoro Sobrino Magán Alejandro Hernández HernándezJesús Gil Manzano

Носители Ждрепката за завршниот турнир се одржала на 6 ноември 2014 со почеток во 18:00 ЦЕВ, во Хотелот Кларион Конгрес во Прага. Англија, како највисоко рангиран тим според коефициентот на УЕФА, заедно со репрезентацијата-домаќин, Чешка, биле автоматски постевени во одделни групи. Второ и трето рангираните екипи според коефициентот на УЕФА, Италија и Германија, исто така, биле извлечени во различни групи, додека четирите екипи кој биле не-носители, биле извлечени во последниот шешир со што се пополниле останатите две места во двете групи.

Први носителиВтори носителиНе-носители (доделено место A1) (доделено место B1)

Состави

Секоја репрезентација треба да достави список од 23 играчи, од кој тројца мораат да бидат голмани. Ако некој играч е повреден или болен доволно сериозно за тоа да го спречи неговото учество на турнирот пред првиот натпревар на неговиот тим, тој може да биде заменет со друг играч.

Фаза по групи

Осумте финалисти биле поделени со ждрепка во две групи од по четири екипи. Домаќинот Чешка биле избрани во групата А, додека Англија, како најдобро рангиран тим според коефициентот за пласман на УЕФА, биле избрани во групата Б. Во секоја група, тимови ќе играат натпревари едни против други во Round-Robin систем, и првите две екипи ќе се пласираат во полуфиналето.

Официјалниот распоред на натпреварите бил објавен од УЕФА на 10 ноември 2014, и потврден на 2 декември 2014.t

Ист број на бодови

Ако две или повеќе репрезентации имаат еднаков број на бодови точки по завршувањето на натпреварите од групата, се применуваат следниве критериуми: Поголем број на бодови од меѓусебните натпревари помеѓу екипите кој се во прашање; Подобра гол-разлика како резултат на натпревари помеѓу екипите кој се во прашање; Поголем број на постигнати голови во натпревари помеѓу екипите се во прашање; Ако, откако ќе се применат критериумите 1-3, екипите сè уште имаат еднаков пласман, критериумите 1-3 повторно ќе бидат применети но сега ќе се вклучат сите одиграни натпревари од групата не само оние меѓусебните. Ако оваа постапка не доведе до одлука, се применуваат критериумите 4-6.

Ако само два тима се изедначени (според критериумите 1-5) после последниот натпревар од групната фаза, нивниот пласман ќе биде утврдени со изведување на пенали .

Група A Репрезентација1.6 3 2 0 1 4 4 02.5 3 1 2 0 5 2 +33.4 3 1 1 1 6 3 +34.1 3 0 1 2 1 7 -6

Група Б Репрезентација1.5 3 1 2 0 2 1 +12.4 3 1 1 1 3 3 03.4 3 1 1 1 4 3 +14.3 3 1 0 2 2 4 -2

Нокаут фаза Во нокаут фазата, продолженијата и пеналите ќе го одлучуваат победникот доколку е неопходно.

Bracket

Полуфинале

Финале

Победник Победник на Европско првенство за играчи под 21 година - 2015Шведска1. титула

Список на стрелци

<div align=center> </div align=center>

Амбасадор Поранешниот играч од средниот ред на чешката репрезентација Павел Недвед е амбасадор на турнирот.

Наводи

Надворешни врски

2015 finals: Czech Republic, UEFA.com

Категорија:УЕФА Европско првенство за играчи под 21 година