Тристан да Куња (, ) — група од острови во јужниот дел на Атлантикот, 2816 километри од Јужна Африка и 3360 километри од Јужна Америка. Административно, острвите се дел од британските прекоморски територии Света Елена, Вознесение и Тристан да Куња.
Територијата се состои од главниот остров Тристан да Куња, со површина од 98 км2, како и од неколку ненаселени острови како што се Непристапниот Остров (10 км2) и Славеевите Острови (1,8 км2). На оваа територија припаѓа и островот Гоф (91 км2), 395 километри југоисточно од Тристан) на кое е поставена метеоролошка станица.
Историја
Островот првпат бил откриен од страна на португалскиот морепловец Тристан да Куња во 1506 година. Главиот остров го именувал според своето име().
Во 1815 година Обединетото Кралство ги припоило овие острови и со нив владеело преку колонијата ’Рт на Добра Надеж во Јужна Африка. Од 1938 година, островите се придружни територии на Света Елена а од 2009 година е дел од прекуморската територија Света Елена, Вознесение и Тристан да Куња.
Вулканската ерупција во 1961 година го натерала скоро целото население на евакуација во Англија, во воената база близу Саутхемптон. Поголемиот дел од жителите се вратиле на островот во 1963 година.
Наводи
Надворешни врски
Историја на островите Официјален портал
Категорија:Британски прекуморски територии и крунски поседи Категорија:Острови во Обединетото Кралство Категорија:Вулкански острови Категорија:Држави и територии настанати во 1938 година Категорија:Средноатлантски Гребен