Сезоната 2014-15 за фудбалскиот клуб Јувентус била 117 од неговото основање и осма последователна сезона во највисоката лига на италијанскиот фудбал.
Преглед на сезоната thumb|180px|left|Масимилијано Алегри бил назначен за тренер на Јувентус во јули 2014 и веќе во својата прва сезона во клубот успеал да ги освои Скудетото и Купот на Италија. Со тоа станал седмиот тренер кој ја освоил Серија А со два различна клуба.
Почетокот на сезоната бил прилично турбулентен за бјанконерите. Кулминацијата на неколкуте тешки недели во летниот камп за тренинг, била достигната кога тренерот Антонио Конте - еден од главните архитекти на успехот во последните три години, сè повеќе и повеќе влегол во судир со раководството - пред конечно да го раскине договорот на 15 јули 2014, а набргу потоа, станал селектор на италијанската репрезентација. Како негова замена на клупата на Јувентус дошол Масимилијано Алегри, име кое во Торино било потценето од страна на експертите, од противниците, а највеќе од навивачите, но ништо од тоа не го спречило да биде ѕвездата на успешната деби сезона со Старата дама.
Што се однесува до составот, најголеми промени биле направени во нападот; клубот го напуштиле, Вучиниќ, Кваљарела и Освалдо, и биле заменети со младите таленти Коман и Мората кој биле доведени, од Париз Сен Жермен односно Реал Мадрид; шпанецот Мората, одиграл одлична сезона и успеал да заработи место во почетниот тим како партнер на Тевез во вториот дел од сезоната, за сметка на својот сонародник Љоренте кој се преселил на клупата. Останатите промени во составот на Јувентус кој се случиле во летниот трансфер период се следниве; од Торино си заминале одбранбените играчи Пелузо, Исла и Де Чеље (последниот, заминал само за првиот дел од сезоната), додека како нови засилување дошле францускиот лев бек Евра од Манчестер Јунајтед, и играчите од средината на теренот Ромуло и Переира од Верона и Удинезе; исто така, во својот матичен клуб се вратил Мароне по една година помината во Сасуоло, додека младиот играч за врска Матиело бил унапреден во првиот тим. Во зимскиот трансферен прозорец, споменатиот Матиело бил позајмен на Кјево, а Џовинко со слободен трансфер се преселил во Торонто, а како негова замена во Јувентус се вратил искусниот напаѓач Матри, а заедно со него бил доведен и младинскиот репрезентативец на Италија, Стураро (двајцата дошле од Џенова). Во поглед на тактиката, Алегри најпрво избрал да продолжи да се фокусира на веќе докажаната 3-5-2, формација која го обележала освојувањето на последните три титули во лигата и била брендирана од страна на Конте, меѓутоа во срцето на сезоната Алегри одлучил да ја промени во 4-3-1-2 со што Јувентус добил повеќе на напаѓачка моќ, и во која, улогата на играч зад напаѓачите била покриена од страна на играчите кој претходно играле во внатрешната тројка од средниот ред во 3-5-2, Видал или новото засилување Переира.
Во првенството почетокот бил сличен по должината на линиите од претходната сезона, двобој за врвот со Рома. Бјанконерите и Џалоросите останале на врвот заедно со еднаков број на бодови сè до директниот двобој во Торино на 5 октомври 2014, во кој домаќините победиле со 3-2, со што се успеале да се издвојат како осамени водачи на врвот на табелата, меѓутоа екипата од главниот град нема да се предаде и во продолжение од првенството ќе остане во контакт со Јуве, всушност, веќе во средината на првиот дел од сезоната било јасно дека тандемот на чело на табелата се единствените два клуба со аспирации за титулата, бидејќи јазот меѓу нив и останатите тимови бил многу голем. Со победата од 3-1 над Наполи во гости, прва за Јувентус на овој стадион после четиринаесет години, 11 јануари 2015 Јувентус освоил еден симболичен наслов за зимски шампион, меѓутоа многу поважно од тоа бил реваншот за загубениот Суперкуп на 22 декември 2014 во Доха, кога Наполитанците оствариле победа по изведувањето на пенали. Во овој прв дел од сезоната за одбележување е уште ремито 1-1 против Сампдорија на Стадион Јувентус, на 14 декември, со што и било ставено крај на серијата од 25 победи по ред на домашен терен: низа која започнала со победата над Лацио со 4-1 на 31 август 2013, со што бил скршен претходниот рекорд (21) поставен пред шеесет и шест години од страна на Гранде Торино кон крајот на четириесеттите години. Четири дена подоцна, со победата од 3-1 на гостувањето кај Каљари, тимот ја завршил календарската година со 95 бода од 37 натпревари, надминувајќи го стариот рекорд за освоени бодови во календарска година (92 од 37) на Интер во 2007.
Порано, на европската сцена, Јувентус ја започнал својата кампања во Лигата на Шампионите директно во фазата по групи, каде биле дел од една урамнотежена група која вклучувала само национални шампиони: шпанскиот првак Атлетико Мадрид, исто така финалисти во последното издание на ова натпреварување, грчикот Олимпијакос и шведскиот Малме. Со три победи, едно реми и два порази, Бјанконерите изборија пласман до нокаут фазата како второпласирани во групата, зад јорганџиите. thumb|upright=1.4|Патрис Евра во двобој со Лионел Меси од Барселона на Олимпискиот стадион во Берлин, во финалето на Лигата на шампионите.
Со почетокот на новата година, се случува токму спротивното од првиот дел од сезоната во Серија А, наместо изедначена битка за титулата, Јуве сè повеќе ја зголемувал предноста во однос на најблиските гонители, претходно споменатите Рома, Наполи и одличниот во вториот дел од сезоната Лацио кој со серија добри резултати во еден период избил на второто место на табелата. Од недела во недела бодовната разлика меѓу Старата дама и конкурентите од престолнината растела - за во април да достигне до +15 годови -, со што набргу станало јасно кој ќе го освои насловот, четврто скудето по ред - победничка низа која во Јувентус, не е видена уште од времето на златните педесетти години-, математички скудетото било осигурано на 2 мај, со победата од 1-0 над Сампдорија во Џенова благодарение на голот на Видал; екипата од Пиемонт, никогаш претходно не го освоила првенството, од кога за победа се добиваат 3 бода, на четири натпревари до крајот на кампањата. Исто така, Јувентус станал првиот клуб во историјата на италијанскиот фудбал, кој успеал да освои четири скудета по ред во два различни периоди.
Откако насловот во лигата бил веќе осигуран, во месец мај, Јувентус бил единствениот тим на континентот, заедно со Барселона, кој сè уште се натпреварувал на три фронта, благодарение на позитивните резултати остварени во куповите. Со почетокот на нокаут фазата на Лигата на шампионите, зебрите, всушност, биле подобри од германскиот претставник Борусија Дортмунд во осминафиналето, со две победи (2-1 во Торино и 3-0 во Германија) во четврт-финалето биле подобри Монако (1-0 дома и 0-0 во кнежевството), а потоа во полуфиналето наишле на Реал Мадрид, но ниту бранителите на трофејот не успеале да ги сопрат момците на Алегри кој се пласирале во финалето со вкупен резултат 3-2 (2-1 на Стадион Јувентус и 1-1 на Бернабеу) - прво финале после дванаесет години -; на 6 јуни, на Олимпискиот стадион во Берлин, тимот не успеал да дојде до трофејот, бидејќи биле поразени со 1-3 од Барселона.
Торинезите "гурале" добро, дури и во Купот на Италија, каде што, по точно дваесет години, повторно го освојуваат трофејот. Тие го започнале натпреварувањето во осминафиналето, како еден од најдобро рангиранте клубови од минатата сезона, а на почетокот ја елиминарале Верона, супериорно со голеада во нивната мрежа, и, со повеќе тешкотии, Парма која се борела одлично и покрај големите проблеми на корпоративно и финансиско ниво. Во полуфиналниот двомеч против Фјорентина, Јувентус направил фантастично враќање со победа од 3-0 во вториот натпревар во Фиренца, надоместувајќи го дефицитот од 1-2 од првиот натпревар во Торино; за првпат во историјата Јувентус успеал да се помине понатаму во една рунда од Купот на Италија после пораз во првиот натпревар, пласирајќи се во свето петнаесетто финале на турнирот. Во завршниот натпревар одигран на 20 мај, на Стадионот Олимпико во Рим, единаесеттмината на Алегри го победиле Лацио со 2-1 по продолженија, со одлучувачкиот гол на Матри: за екипата од Пиемонт тоа било десеттиот успех во ова натпреварување - станувајќи првиот клуб кој симболично ја освоил сребрена ѕвезда- и на третата двојна круна во нивната национална историја после сезоните 1959-60 и 1994-95.
Дресови Спортска опрема: Најк Главен спонзор: Jeep
Состав
играчите во италик го напуштиле клубот во текот на сезоната
Трансфери Прикажани се само побитните операции Дошле thumb|270px|right|Шпанскиот напаѓач Алваро Мората бил купен од Реал Мадрид за сума од 20 милиони €, што претставува најскап трансфер на клубот за сезоната. thumb|180px|right|Фабио Кваљарела по четири сезони поминати во Јувентус, се преселил во градскиот соперник Торино за 3,5 милиони евра. Дата Играч Од Начин и сума Алесандро Матри позајмен до јуни 2015 Стефано Стураро вратен од заем;конечно (5,5 мил. €, купен во летото) Паоло де Чеље вратен од заем Лука Мароне конечно (5,5 мил. €); откупен е само половина од договорот, другата половина клубот веќе ја поседувал Кингсли Коман Бесплатно Алваро Мората конечно (20 мил. €) Патрис Евра конечно (1.5 мил. €) Роберто Переира позајмица (1.5 мил. €) до јуни 2015 Ромуло позајмица (1.5 мил. €) до јуни 2015
Заминале
Дата Играч Од Начин и сума Федерико Матиело позајмица Себастијан Џовинко Бесплатно Маурисио Исла позајмица (1.2 мил. €) Фабио Кваљарела конечно (3.5 мил. €) Мирко Вучиниќ конечно (6.3 мил. €) Федерико Пелузо конечно (4.5 мил. €) Пабло Освалдо Вратен од заем
Натпреварувања во сезоната Суперкуп на Италија
Серија А
Завршна табела <onlyinclude> +Екипа 1.873826937224+48 2.7038191365431+23 3.6938216117138+33 4.64381810106146+15 5.6338189117054+166.59381611116247+157.5638131784842+6 8.55381413115948+11 9.54381412124845+3 10.52381313125650+6 11.49381213135355−2 12.49381213134957−8 13.46381113144965−16 14.43381013152841−13 15.4238818124652−6 16.41381011174356−13 17.3738716153857−19 18.3438810204868−20 19.2438412223673−37 20.193868243375−42 <div id="1">1 Парма била казнета со одземање на 7 бодови. <div id="2">2 Џенова не добила лиценца од УЕФА за настап во европските натпреварувања па нејзиното место го зазела Сампдорија. </center>
Легенда: Шампион на Италија и се квалификува за групната фаза на УЕФА Лигата на шампионите 2015-2016 <small> Се квалификува за групната фаза на УЕФА Лигата на шампионите 2015-2016 Се квалификува за плејоф рундата (од квалификациите) за УЕФА Лигата на шампионите 2015-2016 Се квалификува за фазата по групи во УЕФА Лига Европа 2015-2016 Се квалификува за третото коло од квалификациите за УЕФА Лига Европа 2015-2016 Испаѓа во Серија Б 2015-2016
<small>Нотес: Три бода за победа, еден за нерешено, нула за пораз.
Во случај на еднаков број на бодови помеѓу две или повеќе екипи, позицијата на табелата на екипата ќе биде одредена по следниве критериуми:
Освоени бодови во меѓусебните двобои Гол-разлика во меѓусебните двобои Вкупна гол-разлика Вкупен број на постигнати голови Ждрепка
Натпревари
Куп на Италија
Јувентус го започнал своето учество во Купот на Италија директно во осминафиналето, како една од осумтте најдобро рангирани екипи.
Лига на шампиони
Фаза по групи
Табела 1. 6411143+11132. 631274+3103. 63031013-394. 6105415-113
Нокаут фаза
Осминафинале
Четвртфинале
Полуфинале
Финале
Статистика Список на стрелци Вклучени се сите официјални натпревари. ИмеСерија АКуп на ИталијаСуперкупУЕФА ЛШВкупно110НПКарлос Тевес200272929НПАлваро Мората82051536СРПол Погба810110414НПФернандо Љоренте71019523СРАртуро Видал70018637СРРоберто Переира42006721СРАндреја Пирло40015819ОДЛеонардо Бонучи3100498СРКлаудио Маркизио3000326ОДСтефан Лихтштајнер300031112НПСебастијан Џовинко0200232НПАлесандро Матри02002134ОДМартин Касерес100017СРСимоне Пепе1000127СРСтефано Стураро1000133ОДПатрис Евра10001173ОДЏорџо Кјелини0100111НПКингсли Коман01001Авто голови 1 0 0 1 2ВКУПНО 72 13 2 17 104 Последен пат ажурирано: 6 јуни 2015Извор: Официјални натпревари
Асистенции