Зидербраруп (; ) — општина во округот Шлезвиг-Фленсбург, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа на северната страна на Шлај, околу 20 километри североисточно од градот Шлезвиг и 30 километри југоисточно од градот Фленсбург. Позната е по археолошкото наоѓалиште „Торсберг мор“.

Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница. Во март 2018 година, поранешните општини Бребел и Долротфелд биле припоени кон Зидербраруп.

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Шлезвиг-Фленсбург