Исидор I Цариградски — Вселенски патријарх од 1347 до 1350 година. Исидор I бил следбеник на Григориј Палам.
Младост
Малку се знае за неговата младост. Исидор е роден во Солун кон крајот на 1290-ите каде станал учител и духовен водач.
Кариера
Како следбеник на Св. Григориј, бил вовлечен во спорот меѓу следбениците на Григориј Палам и Варлам Калабриски за исахизмот во средината на век.
Синод од 1344 година Во 1345 година,Исидор, кој во тој период бил епископ Монемвашки, и Григориј Палама биле изопштени од страна на синод на антиисихистички епископи раководен од Јован XIV Кој и самиот бил противник на Св. Григориј.
Палам и Исидор се повлекле.
Синоди во 1347 година
Во февруари 1347 година, за ввреме на синодот свикан од Јован VI, патријархот Јован XIV бил расчинет и Исидор бил повикан од прогон и бил избран за Вселенски патријарх.По станувањето на патријарх, Исидор I го осободил Григориј Палам од затвор и го прогласил за архиепископ Солунски.
Патријархат
За време на две и пол годишното патријархување, Исидор I барал целото православие да ги прифати паламистичките догми. Тој избрал епископи кој била паламити. Тој изрекуал тешки казни за оние кои не сакале да се покорат.
Поврзано Паламизам Исахистички спор
Наводи
Категорија:Вселенски патријарси Категорија:Луѓе од Солун Категорија:Православни светци Категорија:Светогорски монаси Категорија:Починати во 1350 година