мини|Сопругот на МаријаЛав III и син Константин V Копроним на монета од Марија била византиска царица и августа, сопруга на царот Лав III Исавријанин. Се смета дека била ќерка на бугарскиот хан Тервел.
Марија била омажена за Лав III, најверојатно уште додека тој ја имал должноста стратег на тема Анадолија.
На 25 ноември 717 година по државниот удар, Лав III бил крунисан за цар во катедралата Аја Софија во византиската престолнина Цариград. Во тоа време Марија веќе се споменува во историските извори како негова сопруга.
Во јули 718 година во текот на опсадата на Цариград од Арапите, Марија родила син, идниот Константин V. Во август истата година Арапите биле поразени од бугарскиот хан Тервел што ставило крај на опсадата. На 25 август 718 година Марија официјално ја добила титулата августа. На истиот ден цариградскиот патријарх Герман I Цариградски го крстил синот на царската двојка. Во 720 година Константин V е бил прогласен за соцар.
Марија и Лав имале четири деца:
Константин V Ана Козма Ирина
Надворешни врски A short article on her by Lynda Garland
Категорија:Византиски царици Категорија:Сириска династија Категорија:Византијци од 8 век