Нифонт II, (), роден како Николај, бил Вселенски патријарх трипати: од 1486 до 1488, од 1497 до 1498 и краток период во 1502 година. Тој се слави како светец во православната црква со празник на 11 август.or August 24 according to the Gregorian Calendar

Живот Тој се родил на островот Пелопонез во јужна Грција, чии родители имале различно потекло, неговата мајка била благородна грчка дама, додека неговиот татко бил Албанец. Тој бил пострижен како монарх во Епидаур, земајќи го религиозното име „Нифонт“. Тој се занимавал со калиграфија и копирање ракописи. Потоа тој следел монарх по име Захариј и се сместил во манастирот „Богородица“ во Охрид. Кога Захариј бил избран за охридски архиепископ, Нифонт заминал во Света Гора и бил ракоположен како јеромонахот. Во 1482 тој бил избран за митрополит на Солун и при крајот на 1486 тој бил избран за цариградски патријарх, поддржуван од богатите владетели на Влашка, кои на овој начин се запишале во историјата на надворешните влијанија врз процесот на избирање на патријарх.

По осумнаесет месеци избувнал скандал, кој предизвикал Нифонт да биде симнат од престолот. Поточно, претходниот патријарх Симеон I починал без да ја искаже својата последна желба. Искендер Беј, еден од синовите на спозорот на Симеон, Џорџ Амируц, се оддал на исламот и во тоа време бил благајник на султанот. Тој побарал целото наследство на Симеон, кое вклучувало црковни предмети, да биде предадено на султановиот благајник. За да го избегне ова, Нифонт глумел дека внук на покојниот патријарх бил легитимен наследник, откривајќи дека три монаси лажно сведочеле. По откривањето на вистината, султанот Бајазит II го конфискувал имотот на Симеон, го казнил свештенството замешано во скандалот и го прогонил Нифонт. Нифонт бил протеран на некој остров во Црното Море на Созопол и бил тргнат од престолот во првите месеци од 1488 година. Според научникот Стивен Рансиман, Нифонт бил будалест и незадоволителен патријарх.

Летото 1497 Нифонт бил избран по вторпат како наследник на патријаршискиот престол, секогаш со поддржшка од Влашка, но неговото владеење траело до август 1498 кога бил оттргнат од младиот Јоаким I, кој бил поддржуван од Константин II. Нифонт бил осуден на доживотен затвор и бил протеран во Адријанопол.

Угледот на Нифонт бил толку голем што влашкиот војвода Раду IV Велики му се поклонил кога отишол да го посети затворениот патријарх. Набрзо потоа Раду IV добил кауција за Нифонт од отоманскиот султан. Нифонт се преместил во Влашка, каде бил топло пречекан од свештенството и мирјанството и каде истовремено ракоположил двајца епископи. Во 1502 светиот синод го избрал за Цариградски патријарх по третпат и испратил емисари во Влашка за да го информираат, сепак Нифонт решително го одбил назначувањето и не се вратил во Истанбул.

Помеѓу 1503 и 1505, Нифонт неоспорно ја предводел влашката црква, сè до конфликтот со принцот. Конфликтот избувнал поради непопустливоста на патријархот во одбивањто да го прослави бракот на постарата сестра на Раду, Калпеја со молдавскиот болјарин Богдан Логотет, кој веќе бил оженет. Загрозен од Раду, Нифонт ги собрал луѓето, одржал говор и го екскомуницирал младоженецот. Тој, исто така, му пророчил несреќи, ги оставил патријахалните одежди на олтарот и ја напуштил црквата, заминувајќи во напуштена колиба. Со цел да го избегне негодувањето на луѓето, Раду се обидел да го смири старецот со додворувачки зборови, ветувања и подароци и го молел да му прости на неговиот зет, но Нифонт останал непопустлив и заминал во Македонија, земајќи ги со него неговите два ученика. Во Македонија поминал низ сите градови вршејќи мисионерски проповеди. При неговото враќање во Света Гора, тој не им бил познат на монасите од манастирот „Дионисијат“, кои првично го сметале за обичен говедар.

Нифонт починал во манастирот „Дионисијат“ на планината Света Гора во 1508. Веднаш по неговата смрт тој во многу области бил прогласен за светец и православната црква го признала како светец 9 години подоцна, сместувајќи го неговиот празник на 11 август. Неговите мошти се чуваат во светилиштето во манастирот Дионисијат, каде има капела во негово име.

Белешки

Други извори

Προκοπίου Τσιμάνη, Από υψηλή σκοπιά οι Πατριάρχαι Κωνσταντινουπόλεως, Athens 1981, τόμ. Α΄, σελ. 105-109

Надворешни врски Historia politica et patriarchica Constantinopoleos, Cap X: P. Nipho, (trans. Martin Crusius, 1584) Main primary source. and St Niphon the Patriarch of Constantinople of Mt Athos Orthodox icon and synaxarion

Категорија:Вселенски патријарси Категорија:Починати во 1508 година Категорија:Арванити Категорија:Грци од 15 век Категорија:Православни светци Категорија:Романска православна црква Категорија:Грчки светци Категорија:Христијански светци од 15 век Категорија:Луѓе од Пелопонез Категорија:Родени во непозната година Категорија:Христијански светци од 16 век