Теофилакт Вотанијат бил византиски војвода од почетокот на 11 век, познат по учеството во војните на Василиј II против Самоиловото Царство. Тој е исто така бил дедо на доцниот византиски цар Никифор III ВотанијатЗлатарски, Васил, История на българската държава през средните векове, том I, част 2, София 1994, с. 732, кој управувал со Византија во периодот од 1078 до 1081 година.
Во летото на 1014 година Теофилакт бил гувернер на Солун со ранг на дукПириватрич, Сърджан, Самуиловата държава. Обхват и характер, София 2000, с. 136 како наследник на Давид Аријанит . Областа со која управувал била на границата со Самоиловото Царство и истата претставувала предмет на чести напади во претходните децении. Поголеми борби кај Солун се одвиле во 996 и во 1004 година, каде и во двете битки византиските сили биле поразениАнгелов, Димитър, и Чолпанов, Борис, Българска военна история през средновековието (Х-XV век), София 1994, с. 48-49, 53.
Во 1014 година на Теофилакт Вотанијат му било наредено од царот Василиј II да започне напад. Овој пат силите на Самоил биле предводени од еден од неговите војводи - Несторица. Битката се одвила западно од Солун, каде управителот на Солун, заедно со својот син Михаил Вотанијат ги поразиле силите на НесторицаГрчки извори, VI, 285.Златарски, История на българската държава през средните векове, том 1, част 2, София 1994, с. 732-733; Подбрани извори за българската история, Том II: Българските държави и българите през средновековието, София 2004, с. 66. Потоа Теофилакт се приклучил на армијата на Василиј II и учествул во Битката кај Беласица.Златарски, История на българската държава през средните векове, том 1, част 2, София 1994, с. 738-739. Вотанијат, всушност, гонејќи ги Самоиловите војници, стигнал до клисурата Клидион, ја преминал планината Беласица и ги изненадил утврдените војници на Самоил од зад грб.Vindob. hist. 74 (13-14).Византиски извори, III, 106.Грчки извори, VI, 284.
По оваа нова победа Византија, царот го испратил солунскиот дук со одред на војници, за да го расчисти патот меѓу Струмица и Солун. Во теснина на југ од Струмица Теофилакт Вотаниат паднал во заседа, каде неговата војска била поразена, а самиот тој убиен од синот на Самоил, Гаврил РадомирЗлатарски, История на българската държава през средните векове, том 1, част 2, София 1994, с. 738; Ангелов & Чолпанов, Българска военна история през средновековието, с. 55-56; Пириватрич, Самуиловата държава, с. 137.
Ненадејната заседа и ликвидацијата на Теофилакт Вотанијат при осигурувањето на безбедниот продор на Василиј II до Солун, толку го разгневиле царот што наредил ослепување на сите заробени војници кај Беласица, оставајќи на секој стоти по еден едноок, за да ги одведат ослепените кај Самуил.
Наводи
Литература
Категорија:Византијци од 10 век Категорија:Византијци од 11 век Категорија:Византиски управници на Солун Категорија:Починати во 1014 година