Суперкупот на Италија за 2015 година било 28-мото издание на Суперкупот на Италија, традиционален фудбалски натпревар во кој се среќаваат победниците од претходната сезона во Серија А и Купот на Италија. Бидејќи Јувентус ги освоил двете натпреварувања Серија А 2014-2015 и Купот на Италија 2014-2015, противник во натпреварот му бил вицешампионот на Купот на Италија, екипата на Лацио.

Натпреварот се одиграл на 8 август 2015 година на Стадионот Шангај во Шангај, Кина.

Преглед на натпреварот По пристигнувањето во Кина двата клуба имале поплаки во однос на квалитетот на стадионот, кој бил многу нерамен и со дупки на неколку места. Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, дури изјавил дека Стадионот во Шангај му наликува на поле со комипири, а со тоа се сложил и неговиот колега од спротивната страна Стефано Пиоли.

Лошиот терен, силниот ветар кој дувал и тоа што за двата клуба ова бил прв официјален натпревар во новата сезоната биле само некој фактори поради кој во првото полувреме од натпреварот имало малку "вистински" фудбал и било поприлично здодевно и за заборав. Речиси ништо поконкретно не се случувало на теренот, само два удари кон голот, кој ги испратиле играчите на Јувентус Лихтштајнер и Погба, но и тие не биле непрецизни.

Второто полувреме донело подобар фудбал, а веќе на стартот Јувентус имал голема шанса преку Манџукиќ кој излегол сам пред голот на Лацио, но голманот Маркети го одбранил неговиот удар. Само неколку секунди подоцна одличен удар од далечина на Погба, Маркети бил совладан, но топката завршила само неколку сантиметри покрај голот.

И конечно во 69-тата минута паднал првиот гол, кога Јувентус дошол до водство од 1-0 преку Марио Манџукиќ кој ја искористил својата втора шанса во натпреварот стрлајќи прецизно со глава по одличниот центаршут на Стураро од десната страна. Само пет минути подоцна натпреварот бил решен кога замената Пауло Дибала, на асистенција на Погба, го направил резултатот 2-0 за Јувентус.

До крајот на натпреварот Лацио имал повеќе од играта и успеале да создадат неколку шанси за гол, но резултатот останал не променет. Ова била 7-мата титула за Јувентус во Суперкупот на Италија, со што поставиле нов рекорд во ова натпреварување со една титула повеќе од Милан кој има 6.

Детали од натпреварот

Состави (3-5-2) GK 1 Џанлујџи Буфон (к)RB 15 Андреја БарцаљиCB 19 Леонардо БонучиLB 4 Мартин КасересRWB 26 Стефан ЛихтштајнерLWB 33 Патрис ЕвраRM 27 Стефано Стураро CM 8 Клаудио МаркизиоLM 10 Пол ПогбаCF 11 Кингсли Коман CF 17 Марио Манџукиќ Замени:GK 25 НетоGK 34 РубињоDF 2 Маурисио ИслаDF 24 Даниеле РуганиDF 42 Џулио ПародиMF 20 Симоне ПадоинMF 37 Роберто Переира MF 40 Матија ВиталеMF 43 Андрес ТељоFW 7 Симоне ЅаѕаFW 14 Фернандо Љоренте FW 21 Пауло Дибала Тренер: Масимилијано Алегри (4-3-2-1) GK 22 Федерико МаркетиRB 26 Штефан РадуCB 6 Сантјаго ЏентилетиCB 3 Стефан Де ВрајLB 8 Душан БастаRM 32 Данило Каталди CM 20 Лукас Биља (к) LM 23 Огени Онази AM 10 Фелипе Андерсон AM 87 Антонио КандреваCF 11 Мирослав Клозе Замени:GK 55 Гвидо ГериериGK 99 Етрит БеришаDF 2 Весли ХедтDF 4 ПатрикDF 29 Абдулај КонкоDF 33 МаурисиоMF 7 Равел Морисон MF 21 Сергеј Милинковиќ-СавиќMF 70 Крис ИкономидисFW 9 Филип Џорџевиќ FW 14 Кеита Балде ДиаоFW 88 Рикардо Кишна Тренер: Стефано Пиоли

Екипа победник ЈувентусПобедник на Суперкупот на Италија 20157. титула

Надворешни врски Детали од натпреварот на soccerway Детали од натпреваот на transfermarkt

2015