Предвремени парламентарни избори во 2014 година — избори одржани на 27 април 2014 година. Тие се одржаа истовремено со вториот круг на редовните Претседателски избори. Тие беа трети предвремени парламентарни избори од независноста на Македонија и трети предвремени парламентарни избори во низа.

Изборите беа распишани на 6 март 2014 година.„Вељаноски ги распиша парламентарните избори“ , ТВ Алфа Беа поднесени и прифатени 14 кандидатски листи, сите од политички партии и коалиции. Севкупно, на изборите учествуваа 51 партија. Од нив, 9 настапија самостојно, а 42 во некоја од коалициите. Во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ зедоа учество 23 партии, речиси половина од вкупниот број партии кои учествуваа на овие избори.

На изборите победи коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата предводена од СДСМ ги оцени изборите за нерегуларни и одлучи да го бојкотира Собранието. На 19 јуни 2014 година Собранието ја изгласа новата влада, која повторно е коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и на чие чело повторно застана Никола Груевски.

По 15-месечен бојкот на 1 септември 2015 година опозицијата предводена од СДСМ се врати во Собранието.„СДСМ се врати во пратеничките клупи“, „Фактор“

Изборен модел Парламентот се избира со мандат од четири години. Од вкупно 123 избрани пратеници, 120 се избираат според пропорционалниот модел во 6 изборни единици. Останатите тројца пратеници се избираат според мнозинскиот модел во еден изборен круг и тоа по еден пратеник од три изборни единици во Европа и Африка, во Северна и Јужна Америка и во Австралија и Азија.

Учесници на изборите На изборите учествувале 4 коалиции, а самостојно учествувале 11 партии. Самостојно и во коалиција вкупно учествувале 46 партии.

СДСМ и Нова социјалдемократска партија, Либерално-демократска партија, Обединети за Македонија, Партија за движење на Турците во Македонија, Партија за целосна еманципација на Ромите, Српска странка во Македонија, Демократски сојуз на Власите во Македонија, Санџачка лига Демократска партија на Албанците Коалиција Достоинство за Македонија (Достоинство и МОРО - Работничка партија) Демократска унија за интеграција ВМРО-ДПМНЕ и Социјалистичка партија на Македонија, Демократска партија на Србите во Македонија, Сојуз на Ромите од Македонија, Партија на правдата, Странка на демократска акција на Македонија, Партија на Власите од Македонија, Партија за интеграција на Ромите, Работничко-земјоделска партија на Република Македонија, Трајно македонско радикално обединување, Нова либерална партија, Партија на обединети демократи на Македонија, Татковинска македонска организација за радикална обнова - Вардар - Егеј - Пирин, Македонска алијанса, Демократска партија на Турците на Македонија, ВМРО-ДП, Демократски сојуз, Демократска обнова на Македонија, Демократски сили на Ромите, Демократска бошњачка партија, Обединета партија за еднаквост на Ромите, Демократска партија на Ромите, Социјалдемократска унија, Роми обединети од Македонија Национална демократска преродба Народно движење за Македонија ГРОМ Коалиција за позитивна Македонија (ПОПГМ и Алијанса за позитивна Македонија) ВМРО - Народна партија Социјалдемократска партија на Македонија Партија за економски промени 21 Партија за демократски просперитет Партија за европска иднина

Резултати

Освоени мандати по политички партии Иако мандати на изборите добија само 6 политички субјекти (три изборни коалиции и три политички партии), поради големината на коалициите предводени од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, во Собранието на Република Македонија свои пратеници добија 15 партии. Од 15-те политички партии кои влегоа во Собранието, 8 добија по 1 пратеник.

+ ↓ 61 19 34 7 1 1 ВМРО-ДПМНЕ и други ДУИ СДСМ и други ДПА ГРОМ НДП

Распределбата на мандатите по партии е следната:Собрание на Република Македонија, Пратенички состав 2014-2018

Партија/коалицијаМандати +/-Коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕВМРО ДПМНЕ52 5Социјалистичка партија на Македонија3 Демократски сојуз1 Демократска обнова на Македонија1 Странка на демократска акција на Македонија1 Демократска партија на Турците на Македонија1 Демократска партија на Србите во Македонија1 Сојуз на Ромите од Македонија1 Коалиција предводена од СДСМСоцијалдемократски сојуз на Македонија27 2Нова социјалдемократска партија3 1Либерално-демократска партија3 3Партија на движење на Турците1 1Демократска унија за интеграција19 4Демократска партија на Албанците7 1Граѓанска опција за Македонија1 1Национална демократска преродба1 1Вкупно123 3

Две пратенички од СДСМ беа исклучени од партијата и продолжија да бидат независни пратенички. А пратеничката на НДП стана членка на ДУИ.„Асани го заборави Руфи Османи и првото кафе го испи во ДУИ“ , „Дневник“

Резултати по изборни единици Резултати по изборни единици Изборна единица ВМРО-ДПМНЕ СДСМ ДУИ ДПА ГРОМ НДП Гласови % Гласови % Гласови % Гласови % Гласови % Гласови % ИЕ 173,55437.88% 58,091 29.92% 26,657 13.73% 11,631 5.99% 8,725 4.49% 726 0.37% ИЕ 2 74,649 40.53% 40,603 22.05% 32,061 17.41% 13,764 7.47% 5,503 2.99% 4,518 2.45% ИЕ 3 112,176 56.41% 57,088 28.71% 3,516 1.77%1,0700.54%5,1692.60% ИЕ 4 109,809 53.46% 70,004 34.08% 1,387 0.68%8,4284.10% ИЕ 5 78,953 45.01% 45,370 25.87% 23,876 13.61% 5,219 2.98% 3,024 1.72% 2,366 1.35% ИЕ 6 25,911 17.13% 12,142 8.03% 62,848 41.54% 34,600 22.87% 761 0.50% 9,745 6.44% ИЕ 7 4,512 52.38% 521 6.05% 2,822 32.76% 104 1.21% 428 4.97% ИЕ 8 1,170 63.41% 90 4.88% 475 25.75% 5 0.27% ИЕ 9 881 89.71% 46 4.68% 4 0.41%Вкупно481,61542.97283,95525.34153,64613.7166,3935.9231,6102.8217,7831.59 Извор: ДИК

Распределба на мандатите Изборна единицаВМРО-ДПМНЕСДСМДУИДПАГРОМНДП ВкупноИЕ 187311020ИЕ 2105410020ИЕ 3137000020ИЕ 4128000020ИЕ 5116300020ИЕ 641950120ИЕ 71000001ИЕ 81000001ИЕ 91000001Вкупно613419711123Извор: ДИКhttps://drive.google.com/file/d/1d_ByEudB7wgYvRnJRyOD67_TXGRJud7V/view

Наводи

Надворешни врски Државна изборна комисија: Предвремени парламентарни избори 2014 Собрание на Република Македонија, Избори 2014 Изборна архива за парламентарните избори 2014

2014 Категорија:Македонија во 2014 година