Пантенол е алкохолен аналог на пантотенската киселина (витамин B5), и со тоа е провитамин на витаминот B5. Во организмите брзо се оксидира до пантотенат. Пантенолот е високо вискозна безбојна течност на собна температура, но солите на пантотенската киселина (на пример натриум пантотенат) се прашоци (обично бели).
Формулата на пантенолот е: HO-CH2-C(CH3)2-CH(OH)-CONH-CH2CH2CH2-OH.
Наводи
Категорија:Алкохоли Категорија:Фризерство Категорија:Амиди Категорија:Карбоксамиди Категорија:Козметички хемикалии Категорија:Б-витамини