Псевдонимите на ВМРО е книга со документи од архивата на Ангел Узунов, објавена во 2015 година од страна на Државен архив на Република Македонија.

Содржина

Книгата е поделена на три поглавја: Географски имиња Личности Други

Во книгата се содржани псевдонимите по азбучен ред, на градови, села, места и области, како и на личности од тоа време. Во предговорот се вели: „Псевдонимите биле важен елемент на конспиративната техника на Македонската револуционерна организација. Членовите на Македонската револуционерна организација, работејќи во тајност, во своите преписки ги користеле измислените имиња на личности, а исто така и на држави, градови, села и др. Личностите, како правило, добивале или конспиративни имиња или псевдоними-прекари (псевдоними според некоја особина, потеклото, занаетот итн.). На пример, еден од псевдонимите на Ангел Узунов бил „Надеждин“: Тодор Александров го нарекувал Ќустендил - „Градот на надежта“, а Ангел Узунов извршувал должност на пунктов началник на ВМРО во Ќустендил.“Ангел и Христо Узунови: Псеводнимите на ВМРО, издавач ДАРМ, Скоје 2015, стр. V.

Примери (преземено од книгата) псевдоним - име: Вавилон - гр. Софија Бомбај - с. Баница, Леринско Алжир - гр. Лерин Дедо Ангел - гр. Охрид Али Чауш - Васил Данаилов Ариматејски - Дамјан Груев Атила - Никола Петров, охридски војвода од с. Русиново Ахил - Гоце Делчев Барон - Тасе Христов, охридски војвода Дедо Господ - Цветан Христов, с. Присовјани, охридски војвода

Наводи

Надворешни врски Новинарски известувања за книгата

Категорија:Книги Категорија:Македонски дела од 2015 година