Кромидово — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба
Селото Кромидово се наоѓа на 20 километри североисточно од Петрич. Селото се наоѓа во западниот дел на подножјето на планината Пирин, на надморска висина од 175 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 4.498 км2. Реката Мелник тече во близина на селото.
Климата се одликува со топло, суво лето и кратки, благи зими. Просечните јануарски температури се околу 1 степен, а просечните јулски температури се околу 37. Областа е поволна за одгледување на земјоделски култури, како и за развој на сточарство. Во селото има многу лозја и оранжерии.
Историја Османлиско Царство Селото се споменува во османлиски дефтери од 1570 година, во 1611-1617 и 1623-1625 година. Според првиот дефтер, во 1570 година во селото живееле 9 муслимански семејства и 40 христијански семејстваТурски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр.643 – 645.. Под името Кромидова и Куромидова се споменува во 1611 и 1623 година, кога имало 10 христијански семејстваЕнциклопедия „Пирински край“. Том 1, Благоевград, 1995, стр. 475.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 228, 300..
Црквата „Св. Ѓорѓи“ била изградена во 1860 година. Во текот на 19 век, селото било мешано село. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кромидово (Kromidovo) е село со 27 семејства со 25 Турци и 50 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148 – 148.. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 112 Македонци под врховенството на Бугарската егзархијаBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 192-193..
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, едно лице од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 855. Селото било окупирано и опожарено од страна на грчката армијаКарнегиева фондация за международен мир. „Доклад на международната комисия за разследване причините и провеждането на Балканските войни“, София 1995, стр. 298..
Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Денес, селото е добро развиено, електрифицирано, водоснабдено, со телефонски и телевизиски мрежи. Улиците се асфалтираат, а пристапот е преку целата година. Постои кметство, црква и трговски места. Медицинските услуги и образовните институции се во соседното село Марикостиново, кое е оддалечено 9 километри.
Население +Население на Кромидово по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 292 419 390 429 342 259 224 190 150 134
+Национален состав на населението од 2011 година: Националност Жители Процент Бугари 143 95,33% Останати 5 3,33% Вкупно 150 +Население по возраст од 2011 година:
Знаменитости и култура
Кромидово е познато по трите термоминерални наоѓалишта. Минералната вода ги исполнува барањата за одмор и рекреација. Исто така, постои јавна хигиенска бања и базен. Реката Мелник, која тече по селото, е погодна за релаксација и забава. Планинарите можат да го посетат резерватот Али Ботуш во планината Славјанка. Овде може да се забележи растителноста типична за средоземните зимзелени шуми, како и оние типични за Средна Европа.
Наводи
Категорија:Општина Петрич Категорија:Села во Пиринска Македонија