Тополница — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија. До 1966 година, името на селото било Нова ТополницаМичев, Николай, Петър Коледаров. „Речник на селищата и селищните имена в България 1878-1987“, София, 1989, стр. 268..
Географија и местоположба Селото Тополница се наоѓа на 11 километри источно од Петрич, во Петричко-санданската котилина, на десниот брег од реката Струма и во североиаточните делови на планината Беласица. Селото се наоѓа на надморска висина од 84 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 9.342 км2. Климата е преодна средоземна со максимален зимски и летен минимум врнежи од дожд. Просечните годишни врнежи од дожд се околу 500 милиметри.
Историја Откриена е доцна неолитска населба на околу 2 километри јужно од селото во месноста Кременица во близина на бугарско-грчката границаБеласица (портал за Беласица и региона), Тополница.
Османлиско Царство
Селото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година со името Тополница. Во истата година, во селото живееле 21 христијански семејстваТурски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр. 600-602..
Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и било во составот на Петричката Каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тополница (Topolnitza) е село со 25 семејства и 80 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148-149..
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
.
Георги Стрезов селото го споменал и по вторпат, и за него запишал:
.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 220 жители, сите МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 224 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, работело едно егзархиско училиште со 1 учител и 36 ученициBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186 – 187..
Според митрополитот Емилијан Мелнички, на 7 февруари 1908 година, чета на ВМОРО составена од 7 луѓе, предводена од Кочо Хаџиманов, водела битка во Тополница со османлиските трупи, губејќи неколку војници и документи.
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, едно лице од селото било доброволец во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 883.
Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Население +Население на Тополница по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 457 822 855 887 881 854 878 836 760 696
+Население по возраст од 2011 година:
Наводи
Категорија:Општина Петрич Категорија:Села во Пиринска Македонија Категорија:Беласица