Седум психопати (англиски: Seven Psychopaths) - американски криминалистички филм од 2012 година, во сценарио и режија на Мартин Мекдона. Главните улоги ги играат: Колин Фарел, Вуди Харелсон, Кристофер Вокен, Сем Роквел и Том Вејтс.
Својата светска премиера филмот ја имал на 7 септември 2012 на Филмскиот фестивал во Торонто. Во киносалите во САД и Канада филмот почнал да се прикажува на 12 октомври 2012, а во Обедилетото Кралство на 5 декември 2012.
Содржина Писателот Мартин Фаранан живее во Лос Анџелес и сонува да го заврши своето сценарио „Седум психопати“. Неговиот најдобар пријател Били е невработен актер, кој заработува така што краде кучиња и потоа од нивните сопственици добива парична награда кога ќе им ги врати милениците. Еден ден, Били и неговиот пријател Ханс го крадат малото куче Бони од расата ши-цу, не знаејќи дека тоа е омиленото куче на гангстерот Чарли Костело...„Кражба со големи последици“, Антена, број 886, 19.6.2015, стр. 3.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови со Колин Фарел Категорија:Филмови со Вуди Харелсон Категорија:Филмови со Том Вејтс Категорија:Филмови со Кристофер Вокен Категорија:Филмови од 2012 година