Бојан Крижај (словенечки: Bojan Križaj) (3 јануари 1957, Крањ, Словенија) — бивш југословенски скијач. Бил изразен техничар и еден од најдобрите светски специјалисти за слалом и велеслалом во осумдесеттите години на минатиот век.

Крижај е роден во скијачко семејство. Веќе со три години научил да скија. Уште во декември 1976 година ги освоил првите бодови во Светскиот куп. На почетокот на сезоната 1977/78, во слалом во Мадона ди Кампиљо по првпат се пласирал меѓу првите три места, а две години подоцна, на 20 јануари 1980 година, во Венген ја остварил својата прва победа. Тоа воедно била прва победа на еден југословенски натпреварувач во натпреварите на Светскиот куп. До крајот на кариерата остварил уште седум победи. Со тоа Крижај станал најуспешен југословенски и воедно словенечки скијач на сите времиња.

На Олимписките игри 1980, во Лејк Плесид, Крижај го освоил четвртото место заостанувајќи само две стотинки зад третопласираниот.

Единствениот медал го освоил на Светското првенство 1982 во Шладминг, каде го освоил второто место во слалом, зад Швеѓанецот Ингемар Стенмарк.

Ја заврши кариерата во март 1988 година, на финалната трка на Светскиот куп во Салбах-Хинтерглем, каде кратко пред целта ги извади скиите и пешки помина низ целта.

Неговиот син Андреј е член на словенечката скијачка репрезентација.

Бојан Крижај учествувал во организационот одбор на Шарпланинскиот куп како директор за натпревар во 2012Подготвени за 39-от Шарпланински куп и 2013 година.

Победи во Светскиот куп ДатумМестоДисциплина 20 јануари 1980 Венген, ШвајцаријаСлалом 25 јануари 1981 Венген, ШвајцаријаСлалом 20 март 1982 Крањска Гора, СФРЈСлалом 12 февруари 1983 Маркстен, ФранцијаСлалом 16 декември 1984 Мадона ди Кампиљо, ИталијаСлалом 21 март 1986 Бромон, КанадаСлалом 20 декември 1986 Крањска Гора, СФРЈСлалом 25 јануари 1987 Кицбиел, АвстријаСлалом

Наводи

Категорија:Родени во 1957 година Категорија:Југословенски алпски скијачи Категорија:Словенечки алпски скијачи Категорија:Алпско скијање на Зимските олимписки игри 1980 Категорија:Југословенски олимпијци на Зимските олимписки игри 1980 Категорија:Алпско скијање на Зимските олимписки игри 1984 Категорија:Југословенски олимпијци на Зимските олимписки игри 1984 Категорија:Живи луѓе