Гривест павијан или гривест бабун () — вид бабун од семејството на старосветските мајмуни (Cercopithecidae). Може да се најде најсеверно од сите бабуни. Домородец е на Африканскиот Рог и југозападниот крај на Арапскиот Полуостров. Овие области обезбедуваат живеалишта со помалку грабливци од централниот и јужниот дел на Африка, каде живеат другите видови на бабуни. Гривестиот бабун бил свето животно за Старите Египќани и се појавува во различни улоги во религијата на древен Египет, па затоа понекогаш може и да се сретне под името „свет бабун“.

Физички опис left|thumb|Мажјаците и женките се распознаваат по разликите во бојата и големината. Освен очигледната разлика во големината помеѓу половите (мажјаците се обично двапати поголеми од женките), што е карактеристично за сите бабуни, кај овој вид исто така се појавува полов диморфизам во бојата. Крзното на мажјаците е сребрено-бело и имаат изразена грива која ја развиваат на возраст од околу десет години, додека женките се кафени и ја немаат споменатата грива. Нивните лица може да бидат во различни нијанси на црвена и кафена.

Мажјаците имаат должина до 80 сентиметри и тежина од 20-30 килограми; женките должина до 40-45 сентиметри и тежина од 10-15 килограми."Sacred Baboon (Papio hamadryas)" .  Опашката додава дополнителни 40-60 сентиметри на должината. Опашката завршува со мало перче. Бебињата се темна боја, која се осветлува по околу една година. Женките на гривестите бабуни достигнуваат полова зрелост на возраст од околу 51 месец, а мажјаците на возраст од помеѓу 57 до 81 месец .

Екологија left|thumb|Гривестиот бабун јаде овошје во заробеништво и покрај тоа што не е вообичаен дел од неговата исхрана во дивината. Распространетоста на бабунот се протега од Црвеното Море во Еритреја до Етиопија, Џибути и Сомалија. Бабуните се исто така домородци во југоисточниот дел на Арапскиот Полуостров, во Јемен и Саудиска Арабија. Гривестиот бабун живее во полупустински услови, савани и карпести предели, поради потребата од карпи за спиење и снабдување со вода. Гривестиот бабун е сештојад и е прилагоден на релативно сувото живеалиште. За време на влажните периоди од годината, бабунот се храни со најразлични видови храна, вклучувајќи цветови, семиња, треви, диви корења и листови од дрвата Акација.Swedell 2002:b За време на сушните периоди, бабуните се хранат со листови од растението Dolbera glabra и листови од растението сизал (науч. Agave sisalana). Гривестите бабуни исто така се хранат со инсекти, влекачи и мали цицачи. Дури е виден бабун кој носел мртов дик-дик. Kummer, 1968

Пиењето вода на бабуните исто така зависи од периодот од годината. За време на влажниот период, бабуните лесно доаѓаат до вода. За време на сушниот период, тие се снабдуваат од најмногу три бунари.Kummer, 1968 Бабуните ја прават попладневната дремка покрај бунарите. Гривестите бабуни исто така копаат бунари на кратко растојание од природните бунари.Kummer, 1968

Поведение

Организација на група  right|thumb|250x250px|Заеднички харем на гривестите бабуни Бабунот има необичен друштвен систем од четири степени, наречен општество со повеќе степени. Најголемиот дел од меѓусебните односи се случуваат во мали групи наречени единици на еден мажјак или хареми, кои содржат еден мажјак и до десет женки кои мажјакот ги води и заштитува. Харемот обично вклучува еден т.н. „следбеник“ (мажјак) кој може да биде во сродство со водачот.Kummer, 1968Swedell 2006Stammbach, 1987 Два или повеќе хареми формираат кланови.Schreier and Swedell 2009 Во клановите, доминантните мажјаци на харемите се веројатно во блиски роднински врски и имаат хиерархија заснована на возраста.Sigg and Stolba et al. 1982Abegglen, 1984 Следниот степен се дружините. Два или четири кланови формираат дружини кои можат да бројат до 200 единки, кои обично патуваат и спијат во група.Kummer, 1968Swedell 2006Abegglen, 1984 И мажјаците и женките ретко ги напуштаат нивните дружини. Доминантните мажјаци ги спречуваат бебињата и младите да комуницираат со бебиња и млади од другите дружини. Дружините може да се тепаат меѓусебно за храна и сл., при што возрасните мажјаци водичи на харемите се обично оние кои се тепаат.Kummer, 1968Stammbach, 1987 Дружините во својот состав содржат и мажјаци кои се самци и не се ниту водачи на харем, ниту следбеници, туку слободно се движат низ дружината. Неколку дружини може да се соединат за да оформат трупа. Неколку дружини во една трупа обично делат површина од карпа каде спијат.Kummer, 1968Swedell 2006Abegglen, 1984

Групно поведение thumb|Требење на крзното Гривестиот бабун е различен од останатите бабуни и макаки по тоа што општественото уредување му е строго патријархално.Swedell 2002 Мажјаците ја ограничуваат слободата на движење на женките, групирајќи ги со визуелни закани и влечејќи или гризејќи ги оние кои ќе залутаат .Swedell and Schreier 2009 Мажјаците понекогаш прават хајки по другите хареми со цел да им ги грабнат женките, при што се случуваат насилни пресметки. Многу од мажјаците успеваат да земат женка од другиот харем, нешто што се нарекува „преземање“.Swedell 2006Swedell and Schreier 2009Swedell and Tesfaye Обично овие насилни пресметки се придружени со визуелни закани. Визуелните закани може да бидат во вид на превртување на очните капаци и подигнување на усните со цел да се покажат забите. Како и кај многу други видови, бебињата на бабуните се земаат како заложници од страна на мажјаците во овие пресметки.Stammbach, 1987 Дополнително, женките претпочитаат одредени мажјаци, а противниците на тие мажјаци го почитуваат изборот на женките .Kummer 2001 Колку помалку женката покажува дека ги сака мажјаците од харемот каде припаѓа, толку е полесно противниците да ја грабнат при хајките.Kummer 2001 Млади мажјаци, најчесто следбеници, можат да почнат сопствени хареми убедувајќи ги понезрелите женки да ги следат.Kummer 2001 Мажјакот, исто така, може да ја грабне незрелата женка сосила.Kummer 2001 Како и да е, мажјакот ќе се пари со женката само кога ќе созрее полово. Старите мажјаци често ги губат женките, кои преминуваат кај следбениците, па штом се случи тоа истите почнуваат да губат килограми и нивното крзно почнува да ја менува бојата во кафена, како кај женките.Kummer 2001 Иако мажјаците кај другите видови бабуни преминуваат во други трупи подалеку од своите роднини мажјаци, мажјаците на гривестиот бабун остануваат во клановите во кои се родиле (или во дружините каде се родиле) одржувајќи ги врските со своите роднини.Kummer, 1968Stammbach, 1987 right|thumb|250x250px|Мажјаци со женка и млади Се сметало дека гривестите бабуни ги отстрануваат женките од групите каде имаат роднини од ист пол.Sigg and Stolba et al. 1982 Сепак, подоцнежните истражувања покажале дека женките ги одржуваат блиските врски со нивните роднини од ист пол во времетраењето на нивниот живот.Swedell 2002 Женките можат да потрошат исто толку време во друштво на други женки колку и со мажјаци од нивниот харем, а некои дури и контактираат со женки од други хареми.Swedell 2002 Дополнително, не е чудно за женки кои се роднински поврзани да завршат во ист харем.Swedell 2002  Женките можат да останат поврзани и да помагаат на нивните проширени семејства и покрај тоа што меѓусебните односи се контролирани од страна на мажјаците од харемот.Swedell 2002

Женките во еден харем не покажуваат никаква доминација во меѓусебните врски слично на другите видови бабуни и макаки. Мажјаците од харемите, потиснуваат какво било насилство меѓу женките и спречуваат појава на каква било хиерархија.Kummer, 1968Stammbach, 1987 И покрај тоа, се појавиле друштвени разлики меѓу женките. Некои женки се поактивни друштвено и имаат посилни друштвени врски со водачот на харемот. Овие женки, познати како „централни женки“, остануваат во поголема близина на водачот на харемот од останатите женки.Stammbach, 1987 Женките кои поминуваат повеќе време подалеку од водачот на харемот се наречени „периферни женки“.Stammbach, 1987

Размножување left|thumb|200x200px|Мажјак, женка и бебе Како и другите бабуни, гривестиот бабун се размножува несезонски. Најголемиот дел од парењето го извршува доминантниот мажјак во друштвена единица која има еден мажјак, иако останатите мажјаци можат да успеат да се спарат со некои од женките.Kummer, 1968Stammbach, 1987Sigg and Stolba et al. 1982Swedell and Saunders 2006 Обврските за одгледување на младите во најголем дел припаѓаат на женките. Тие ги дојат и негуваат младите, а една женка во дружтвена единица може да негува и бебе кое не е нејзино. Како и сите бабуни, гривестите бабуни се интересираат за нивните млади и им даваат многу внимание. Доминантните мажјаци ги спречуваат другите мажјаци да дојдат во близок контакт со нивните млади. Тие исто така ги заштитуваат младите од грабливци. Дополнително, ги поднесуваат младите, ги пренесуваат од едно место на друго и си играат со нив.Kummer, 1968 Кога нов мажјак ја грабнува женката, кај неа се појавуваат отоци на половите органи кои може да претставуваат прилагодување со цел да се спречи новиот мажјак да го убие потомството на претходниот мажјак.Zinner, D., T. Deschner, 2000. Кога мажјаците достигнуваат пубертет, тие развиваат интерес да ги одгледуваат младите во групата.Kummer, 1968 Тие ги киднапираат бебињата намамувајќи ги подалеку од нивните хареми и канејќи ги да се качат на нивните грбови. Ова е честа појава кај мажјаците следбеници. Ова киднапирање може да доведе до дехидрирање или гладување кај младите.Swedell and Tesfaye Водачот на харемот ги спасува младите од нивните грабнувачи, најчесто за да го заштитат нивното потомство.Swedell and Tesfaye

Односи со луѓе right|thumb|301x301px|Приказ на гривест бабун како богот Тот (околу 1400 година ПНЕ), во Британскиот Музеј

Прикази во културата Гривестите бабуни често се појавуваат уметноста на древен Египет, бидејќи биле сметани за свети од страна на Тот,The Baboons and Monkeys of Ancient Egypt Royce Hiller, Tour Egypt.net големо и моќно божество со многу улоги вклучувајќи ја и онаа како писарот на боговите. Астену, помошник на Тот, е прикажан како гривест бабун во неговата улога на записничар на резултатот од мерењето на срцето и како еден од четирите гривести бабуни кои го чуваат езерото на огнот во Дуат, подземјето на древниот Египет. Претходник на Астену од праисториски Египет бил Баби, или „Бикот на бабуните“, крвожеден бог кој се сметало дека ги јаде внатрешните органи на мртвите кои биле неправедни во текот на својот живот. Баби се сметало дека на мртвите кои воделе праведен живот им давал дополнителна сила и им помагал да стигнат до египетскиот рај.

Понекогаш дури и Тот се појавувал во облик на гривест бабун (често прикажан како ја носи месечината на својата глава), како варијација на неговото најчесто прикажување како силуета со глава во облик на ибис. Хапи, еден од четирите хорови синови кој ги чувал органите на починатите во религијата на древен Египет, исто така е прикажан со глава на гривест бабун: Хапи ги заштитувал белите дробови, од каде доаѓа обликувањето на капакот на теглата за чување белите дробови на починатите во вид на глава на гривест мајмун. Гривестите мајмуни биле почитувани бидејќи голем дел од нивните навики биле сметани за обожување на сонцето.The Baboons and Monkeys of Ancient Egypt Royce Hiller, Tour Egypt.net

Статус и зачувување Изменувањето на средината каде живеат е главната закана за опстанокот на гривестите бабуни. Единствените грабливци кои се закана за гривестиот бабун се пругастата хиена, точкестата хиена и африканскиот леопард кои сè уште живеат во областите каде живее и гривестиот бабун. МСЗП го вброил овој вид во списокот за „низок ризик“ во 2008. Нема поголеми закани за преживување на овој вид во моментот, иако локално може да е под ризик поради големото прожирување на земјоделието и губењето на живеалиштата. Видот може да се најде во националниот парк Јангуди Раса, прибежиштето за див свет Харар и одреден број резервати во долината Аваш и северна Еритреја.

Наводи

Литература