Амамот Саланха — поранешен амам кој се наоѓал во селото Банско, Општина Струмица.
Амамот билизграден источно од Римската терма и за него не се сочувани податоци од кого е изграден. Поставен е на закосен терен и е со правоаголна основа. Јужната страна на објектот заробена од еродирана земја. Во внатрешноста на амамот е изведен базен длабок 140 см во кој се влегувало со скалички.
Купола лежи на пандантифи со мали кружни отвори кои ја обезбедувале светлоста. Врз куполата во поново време заради оштетувањата и задржување на топлината е изведен лимен покрив поставен врз челична конструкција. Во внатрешноста на амамот изведени се ниши, а мал прозор е присутен на северниот ѕид. Амамот е со димензии 5х5метри и заедно со новите прудружни простории кои се изградени во 1960 година западно од влезот и служат за соблекувална и заедно со нив зафаќа површина од околу 33 метри квадратни.
Димензиите на базенот се: 3,4х3,4 метри, а куполата е со пречник од 4 метри, додека дебелината на ѕидовите изнесува 90 см. Висината на влезот е 1,70 см а ширина 70 см. Објектот се снабдувал со термална вода од многуте врела топла и ладна во околината која била доведувана со цевки од извори западно од него.
Имајќи ги предвид конструктивните елементи во ентериерот близината на врелата кои се наоѓат во близина на амамот и големината не се исклучува можноста дека првобитно амамот бил граден како семеен во 17 векЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ – СТРУМИЦА (2014). ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ ВО СПОМЕН НА ЕМИЛИЈА ПЕТКОВСКА..
Наводи
Категорија:Бањи во Банско Банско Банско