Келераба или алабаш (латински: Brassica oleracea var. gongylodes) - двегодишно растение што се употребува како зеленчук во исхраната, вид зелкова култура.

Распространетост Келерабата е омилена во Германија и во Индија, а најмногу се одгледува во Северна и Западна Европа, од каде што потекнува. Таа е култивирана сорта на дивата зелка, а името потекнува од германските зборови за зелка (kohl) и репка (rube), бидејќи потсетува на овие две билки.

Градба и состав Структурата и вкусот на келерабата се слични на срцевината на зелката, но постојат неколку сорти келераба, кои се разликуваат по вкусот и по бојата (од светлозелена до темновиолетова). Келерабата (лисјата и стеблото) се јаде само додека е млада, а плодот е сочен, мек и вкусен. Таа е богата со витамин Ц (62 милиграми во 100 грама плод), а содржи и провитамин А, фосфор, калциум, железо, бакар, манган, магнезиум, тиамин, ниацин, пантотенска киселина и фолна киселина; содржи малку калории - 6,2% јаглехидрати и 1,7% белковини.„Нискокалоричната келераба е ризница на витаминот Ц“, Здравје, понеделник, 20 октомври 2014, стр. 22-23.

Наводи

Категорија:Зеленчук Категорија:Германизми