Група 10 (никлена група) — група елементи од периоден системсогласно постојната класификација на Меѓународниот сојуз за чиста и применета хемија (IUPAC) која ги опфаќа никелот (Ni), паладиумот (Pd), платината (Pt) и дармштатиумот (Ds) — преодни метали од d-блокот. Сите познати изотопи на дармштатиумот се радиоактивни со краток период на полураспад и не се среќаваат во природата, туку вештачки создадени во крајно мали количества, во лабораториски услови.
Како и кај другите групи, елементите од оваа група имаат свои шеми на електронската конфигурација (особено во последната обвивка). Сепак, тие се особено слаби, со исклучок на оваа кај паладиумот. Предвидената конфигурација на дармштатиумот се заснова на релативистичката стабилизација на орбиталата 7s која е доследна на дијагоналното правило, што е необично за оваа група.
Хемија Z Елемент Електрони по обвивка 28 никел 2, 8, 17, 1 46 паладиум 2, 8, 18, 18 78 платина 2, 8, 18, 32, 17, 1 110 дармштатиум 2, 8, 18, 32, 32, 16, 2 Дармштатиумот дсоега не е добиен во чист облик, па затоа неговите својства не се потврдени со сиугурност. Останатите елеенти од групата имаат опитно утврдени својства како бели преодни метали со значајна цврстина, прекршување и високи точки на топење.
Својства Металите од групата 10 се бели до светлосиви по боја, со голема сјајност и отпорност на потемнување (оксидација) при стандардни услови. Се одликуваат со голема ковливост и влегуваат во оксидациски состојби +2 и +4 (+1 при посебни услови). Постоењето на состојбата +3 е спорно, бидејќи се смета за привид создаден од други две состојби. Во теорија, металите од групата 10 даваат и оксидација во сосојтба +6 под точно определени услови, но ова треба да се докаже опитно за сите нив освен веќе докажаната платина.
Застапеност
Добивање
Примена Металите од групата 10 имаат неколку заеднички примени. Тие се:
украсување: накит и галванизација. како катализатори за различни хемиски реакции. во легури. електрични делови, поради предвидливата промена во електричната отпорност при разни температури. суперпроводници: како делови од легурите.
Биолошка улога и токсичност Никелот има важна улога во биохемијата на организмите како дел од активниот центар за ензими. Останатите елементи од групата немаат биолошка улога, туку се токсични.
Поврзано Платинска група
Наводи
Категорија:Групи на хемиски елементи