„Три дена во септември“ — македонски филм од 2015 година, во режија на Даријан Пејовски. Филмот бил снимен во продукција на „Skopje Film Studio“ и „Ikone Studio“, а бил финансиран од Агенцијата за филм на Република Македонија и Кинематографскиот центар на Косово.„Три дена во септември“, Економија и бизнис, година 18, број 206, 12 август 2015, стр. 82-83.
Содржина Две сосема различни жени, едната проститутка, а другата притаен одмаздник, по силата на судбината влегуваат во сојуз и меѓусебно си помагаат во расчистувањето на нивното темно минато. Имено, Марика (ја игра Тоциновски) убива човек во самоодбрана и, бегајќи од законот, влетува во еден воз каде ја среќава Јана (ја игра Ристиќ) - тивка жена во доцните триесетти години, која патува во својата викендичка во планините. Марика ја користи приликата и се засолнува во викедницата на Јана, но влетува во неочекувана и опасна авантура...
Работен состав главни улоги: Камка Тоциновски, Ирена Ристиќ, Адем Карага, Милица Стојанова, Салаетин Билал, Катерина Коцевска, Кирил Коруновски, Александар Микиќ, Мукерем Билал. продуцент: Томи Салковски, сценарио: Даријан Пејовски и Игор Иванов, музика: Александар Пејовски, костимографија: Емилија Ивановска Атанасовска, шминка: Симона Ристевска, монтажа: Владимир Павловски, звук: Игор Поповски, директор на фотографијата: Димо Попов.
Наводи
Категорија:Македонски филмови од 2010-тите Категорија:Филмови од 2015 година Категорија:Филмови на Даријан Пејовски Категорија:Филмови со Милица Стојанова Категорија:Филмови со Салаетин Билал Категорија:Филмови со Ирена Ристиќ Категорија:Филмови со Камка Тоциновски Категорија:Појавено во 2015 година во Македонија