мини|десно|350п|Поглед кон макетата во Музејот Израел; на почетокот се гледа интерпретацијата на Вториот храм Макета на Ерусалим при крајот од периодот на Вториот храм () — тридимензионална површина на која е претставен градот Ерусалим при крајот на периодот наречен по Вториот ерусалимски храм, пред 70 година од н.е. Макетата зафаќа површина од 2.000 m² и ги прикажува градбите во Ерусалим во размер од 1:50.
Таа е завршена во 1966 година и е дело на израелскиот археолог и историчар Михаел Ави-Јона, кој ја дизајнирал според описот на градот од страна на еврејско-римскиот историчар Јосиф Флавиј. Макетата првично била поставена во околината на хотелот Холиленд во Ерусалим, поради што е позната и како Холиленд Модел на Ерусалим, а во 2006 година е преместена во Музејот Израел.
Ави-Јона ја израбоил макетата по нарачка на Ханс Кроч, банкар и сопственик на хотелот Холиленд, кој истата ја посветил на неговиот син, припадник на Израелските одбранбени сили кој загинал во Арапско-израелскиот конфликт во 1948 година.
Наводи
Категорија:Музеи во Ерусалим Категорија:Знаменитости во Ерусалим