Горна Крушица ( — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Струмјани на Благоевградската област, југозападна Бугарија.Guide Bulgaria, Accessed May 5, 2010
Историја Отоманско Царство
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Крушица (Krouchitsa) имало 26 домаќинства и 80 Македонци. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995.Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 120 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 176 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 186-187.
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, пет лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 855
Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.Мичев, Николай. Речник на имената и статута на населените места в България 1878 – 2004. София, ИК „Петър Берон: Изток-Запад“, 2005
Во 50-тите години на 20 век селото се преселило од старата локација во Малешевската планина на 7 км источно во долината на Струма.
Во 1999 година била изградена црквата „Свети Димитар“.Храмове // Община Струмяни. Посетен на 18 декември 2015.
Географија
Селото Горна Крушица се наоѓа на околу 41 километри јужно од регионалниот центар Благоевград и на околу 9 километри југозападно од општинскиот центар Струмјани.
Селото Горна Крушица се наоѓа во долината на Струма, на околу 1 км западно од реката, во подножјето на Малешевските Планини. Северно од селото е Сливница, а на југ Каменица. Горна Крушица е поврзана со градот Кресна и селото Струмјани, кое е општински центар, преку асфалтиран, но тешко дотраен пат. На неговата денешна местоположба, Горна Крушица било изградено во 1958-1962 година. Пред тоа селото се наоѓало на околу 7 километри западно од сегашната населба во Малешевските Планини.
Население
+Население на Вељуштец по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 Жители 759 849 862 647 428 283 237 165 92
+Население по возраст од 2011 година:
Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:
Број на население Вкупно 65Бугари 63Турци -Роми - Останати - Не се определиле - Без одговор 2
Личности Родени Миладин Тренчев, член на Македонско-одринските доброволни чети Христо Тренчев, член на Македонско-одринските доброволни чети
Наводи
Категорија:Општина Струмјани Категорија:Села во Пиринска Македонија